Виде дека и народот веќе не те сака, другарче. А богами, од твоја уста чувме дека и ти не го сакаш народот. Веќе не. Ти се скинала жицата на гитарата.

Објавил: Сара Фемина | 29 ноември, 2021 8:08

Героски: Заев на Никола Груевски не му е ни до колена

Фото/Текст извор: ©plus info

Сите знаат дека твојата оставка, Зоране Заев, не е чин на преземање морална одговорност за едни изгубени избори. Ова е евакуација! Ако не се повлечеш веднаш, утре ќе те избркаат на клоци. Ако не избегаш сега, испратен со панагирици и тридневна жалост на баграта што сам ја избра и која сега ги дизајнира церемониите на погребот на твојата политичка кариера, утре ќе бегаш во гепек. Ко Грујо. Затоа, бегај сега! И не окреќи се, сине!

Еве, Зоки, најдов малку време да ти пишам писмо, на крајот на овој тежок викенд.

Значи, бидна и таа работа. La commedia e finita. Оставката во СДСМ е прифатена. Честитам!

Јас и ти стасавме до крајот на една приказна. Тажна приказна е тоа, другарче. Требаше да биде славна, а испадна тажна.

Дојде време да ти го кажам словото.

Пред тоа, да те пофалам малку. Добро е што конечно реши да се повлечеш. Она со одложувањето на оставката ти беше гранде заеб. Убаво ти напишаа на таблата во Муртино – ела си дома, Зоки, не се бруки!

Ако се точни моите информации, на седницата на Извршниот одбор, на која Оливер, Петре и другите наводно држеле говори со апели да останеш „врзивно ткиво“ во СДСМ, ти си подвикнал: „Доста е глупирање!“ Ако навистина било така, тоа значи дека знаеш дека на сите веќе им тежиш. Ко сидрото што го џитна да влече напред, ти текнуе?

На сите си им дојден преку таквото. И на Рада која одамна не те поднесува. И на Љупче Путерот кој ти е верен до смрт, под услов смртта да побрза, оти он верен не може да биде долго време. И на Оливер кој одамна ја демне твојата фотелја и кој знае што ќе лафеше сега да победевте во Куманово. И на Венкота, кого вчера го донесе во партијата, кој видел таму дека сите сте дудуци за политика и си рекол, ако можам мозок да оперирам, зошто не би можел на вакви будали шеф да им бидам…

И на странците им тежиш. Кренаа раце од тебе. Откако те маркираа како лидер на хибриден режим, само молчат и те гледаат како се вртиш ко прдеж у гаќи. Знаат дека веќе не можеш ништо да испорачаш. Што ќе им си?

Виде дека и народот веќе не те сака, другарче. А богами, од твоја уста чувме дека и ти не го сакаш народот. Веќе не. Ти се скинала жицата на гитарата.

Бегај на нозе, за да не бегаш во гепек!

Значи, веќе знаеш дека си сам. Добро е, не морам јас да ти кажувам. По кој знае кој пат…

Немој да се предомислуваш за премиерското место, другарче. Немој веќе да седиш во скутот на Ахмети. Добро, поседи уште некој ден ако баш мораш, ама не мрдај многу! Колку повеќе мрдаш, толку повеќе ќеиф им правиш. Ме разбираш, нели?

И не се занесувај дека сега ќе бидеш некаков „активен член“ на СДСМ и „ветер во грбот“. Ко што рече другарката Богданка од погребалниот комитет.

Другарче, ти сега во СДСМ не можеш да бидеш никаков ветер, туку само ебиветер!

Сакаш да ти кажам зошто?

Зашто сите знаат дека твојата оставка не е чин на преземање морална одговорност за едни изгубени избори. Ова е евакуација!

Ако не се повлечеш веднаш, утре ќе те избркаат на клоци. Ако не избегаш сега, испратен со панагирици и тридневна жалост на баграта што сам ја избра и која сега ги дизајнира церемониите на погребот на твојата политичка кариера, утре ќе бегаш во гепек. Ко Грујо.

Тоа е, другарче. Што може човек сам да си направи, никој не може…

Си презел тешки обврски, а не можеш да испорачаш.

Си ветил работи што не можеш да ги исполниш.

Си излажал многу луѓе. Гледајќи ги со своите итри очиња. И со ручето на срце.

И нема сите да ти простат. Има и такви што ќе сакаат да ти се одмаздат.

Јасно ти е тоа, нели?

И не си прави филмчиња, другарче, ако не сакаш да се изгубиш во сопствените лаги, во сопствената самобендисаност. Мораш да сочуваш здрав разум, млад си, треба да живееш и да работиш, имаш фамилија за гледање.

Три дена лигушите од Заевото здружение на политички лузери, сите тие глупави советници, партиски апаратчици, пи-ар експерти, поткупени новинари и инфлуенсери, кои се подеднакво виновни за поразот на СДСМ како и ти (затоа и ги повикав под итно да си дадат откази и оставки и да отстапат), ќе ти пишуваат опела.

Четвртиот ден ќе се свртат кон твојот наследник, оти голема ќе биде битката за неговата наклонетост. Така е секогаш.

Да не мислеше дека тие лигуши те стискаат толку многу во своите прегратки зашто си убав, храбар и паметен?

Голем човеку?

Хахаха!

Не си им ни до колена на Кљусев, Љубчо, Бранко, па и на Никола!

Не се занесувај, другарче, ти не си најдобриот премиер на Македонија и најдобриот лидер на СДСМ во последните 30 години. Како што те теши Бучковски.

И секако не си поголем мајстор од Киро Глигоров, како што лупна Фрчкоски и остана жив, но не стана амбасадор. Ни у втора амбасадорска лига.

Ти не си им до колена на покојниот Никола Кљусев, на Бранко Црвенковски, на Љубчо Георгиевски, па и на Никола Груевски. Хари Костов не го спомнувам, кратко траеше. А за Бучко нема ништо да кажам, оти ти е другарче, да не се разбереме погрешно.

Љубчо беше првиот човек што викна Македонија да биде независна. Во време кога сите други правеа планови како да останеме дел од Југославија, да се онадиме а да не ни влезе,  кога се кубеа коси при симнувањето на сликата на Тито во парламентот, кога не можеше да се замисли да се испее „Денес над Македонија “ без „Хеј Словени“. Е тоа беше храброст. И младост-лудост, се разбира.

Ти не знаеш ништо за ова. Тогаш си играл џамлии во Муртино…

Бранко Црвенковски ја приватизираше социјалистичката економија. Пискотници од Галичник до Река, што да ти расправам… Ги изгуби Бранко изборите во 1998 година. Каков пораз! Се врати на бел коњ во 2002 година година. Со 500.000 гласови. Каков триумф!

Ти и за ова не знаеш ништо. Био си код Јелене можда, у Горњи Милановац…

Се врати Бранко во СДСМ во 2009 година, ја крена на нозе партијата што ја упропастија Бучко и Рада и во 2011 година го стресе режимот на Груевски. Малку фалеше Грујо да падне. Да не го предадевте во 2013 година, кој знае што ќе се случеше.

И така ти дојде на чело на партијата, другарче. Бранко ти ја даде на тацна. Откако претходно те аболицираше, да не одиш со црно под ноктите. И после ти го замрази него само поради една причина – комплекс на пониска вредност.

Како што напишав еднаш (уште го потпишувам тој текст), Никола Груевски беше најлошото нешто што ѝ се случило на Македонија од 1945 година до денес. „Скопје 2014“ и се е кажано за него. Но, да бидеме коректни, Груевски ќе го паметиме и по даночната реформа која е негово дело, по драматичното подобрување на бизнис-климата во земјата, по странските инвестиции на кои му завидуваше дури и еден Вучиќ, по капитални инвестиции за кои ти можеш само да сонуваш. Се изградија два автопата. И сите знаеме кои се и каде се. А твоите 1.000 километри патишта со кои се фалиш, никој не знае каде се…

Ти си нашиот најголем прекупец во политиката

По што ќе те паметиме тебе, Зоки?

Што изгради ти?

Ништо. Два километри автопат не можеше да изградиш. А ко божем почна…

По која реформа ќе те паметиме?

Нема таква, другарче. Сите твои проекти беа гол популизам. Шарени лаги. Купи-продај политики. Купи евтино, продај поскапо. Ти си нашиот најголем прекупец во политиката. Е тоа, да.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

И затоа... Македонците пирејот, Македонија фениксот, Македонија е вечен пламен кој не згаснува!

ТОДОР ПЕТРОВ: Антимакедонизмот е обид Македонија од држава да ја претворат во територија без народ и историја!

НАЦИЈАТА, НАЦИОНАЛНОСТА, НАЦИОНАЛИЗМОТ – ПАТРИОТИЗМОТ И РОДОЉУБИЕТО… ЉУБОВТА...

Дали е можно, вон фабричката спецификација, да имал додадени танкови за гориво (кои се можната причина за големиот пожар), бидејќи во некои земји каде што се возел цената на горивото била пониска од некои други земји во коишто превезувал патници?

Сите ние загинавме во автобусот во Бугарија

Како може автобус кој не бил пријавен за меѓународен превоз – значи, ја немал потребната...

На мое големо изненадување, во коментарот на владата на Зоран Заев, што го пренесува државната новинска агенција МИА, нема директно и јасно отфрлање на овој текст.

Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!

Бугарите можат да си мислат и да прават што сакаат, но ние Македонците не можеме и не...