Пред нешто повеќе од една година, Заев и мене јавно ми залепи етикета. Пишував за големата рекетарска афера, која доби и судски епилог. Ме нарече „суетен новинар“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 август, 2020 18:45

Героски: Заев опасно етикетира новинари – не му е прв пат и нема да му биде последен!

Фото/Текст извор: ©плусинфо

Слушам и се восхитувам. Зоран Заев измислил нов термин во теоријата на медиумите. „Контравладини медиуми“. Па вели: „Граѓаните во демократијата се тие коишто на крајот оценуваат дали вие, контравладините медиуми, сте во право, или во право сме ние како актуелна влада“, пишува новинарот Бранко Героски во својата најнова колумна за Плусинфо.

Во името на „вие контравладините медиуми“ овој пат на тапет се младиот новинар Фуркан Салиу и неговата телевизија Клан, додека во името на „ние како актуелна влада“ говори човекот кој со месеци не е премиер и нема никаква формална улога во техничката влада на Оливер Спасовски. Уште една во низата Фројдовски грешки на Заев…

За него, владата е центар на универзумот. Сите кои ја поддржуваат и ја обожуваат, во право се. На вистинската страна се. Опкружен со армија медиумски апологети и „мотивирани“ ботови на социјалните мрежи, самонабедениот демократ и несуден добитник на Нобеловата награда за мир, во себе и околу себе произведува сė поопасна нетрпеливост кон новинарите и кон медиумите кои го критикуваат и кои му го оспоруваат монополот над вистината.

-Нив Заев ги нарекува „контравладини“. Сė што не е провладино, мора да е „контравладино“. Ако има про, мора да има и контра. Ако има банда, мора да има и контрабанда. Сите кои не дозволуваат владината пропаганда да им го испере мозокот се означени како „контраши“. Иако тоа можеби и не се. Сега и младиот Фуркан Салиу е маркиран како таков и затоа тој со право го опоменува лидерот на СДСМ дека етикетира новинари.

Пред нешто повеќе од една година, Заев и мене јавно ми залепи етикета. Пишував за големата рекетарска афера, која доби и судски епилог. Ме нарече „суетен новинар“. Проблемот не беше во зборот суетен – Заев има мака со семантиката, тој веројатно и не го разбира значењето на тој израз – туку во очигледната намера на лидерот на СДСМ да ме омаловажи. Се сеќавам, тој и тогаш рече дека нема да дозволи еден суетен новинар и еден педер да му ја урнат владата. Која ја доживува како свој приватен универзум, да не речам како своја прчија. Целта не беше само да ме омаловажи, туку да ме маркира метата за нападите на неговите питбули во медиумите и на социјалните мрежи. Напади имаше и пред таа етикета, но нејзиното лепење значеше дека песовите се одврзани и нас’скани. И денес реват и штракаат со нивните неуморни вилици.

Целата колумна на Героски можете да ја прочитате на Плусинфо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Кај нас тогаш се водеше жива дебата како да се реши спорот меѓу двете земји. Премиерот Заев најавуваше компромисно решение, но се уште мантраше дека се преговара само за ерга омнес име за надворешна употреба и ветуваше дека нема да се менува Уставот.

Героски: Не трчај ко прле пред Заев!

Актуелниот миг ме потсетува на периодот пред средбата на Зоран Заев со поранешниот...

Дополнителен проблем е што во овој период на пандемија со страшни последици врз економиите и врз стандардот на луѓето, инјектирањето пари од државните каси во народот се чини како логична и неизбежна „политика“. Тоа што Заев „сервисирањето“ на стопанството и на граѓаните во вакви услови сака да го прикаже како вистинска политика, идеологија и мудрост дури – па вели, „ во следните шест до осум месеци кризата ќе продолжи и целиот овој период мора да го поминуваме заедно бидејќи заедно сме посилни и помудри“ – тоа е само доказ дека човекот е изворен популист.

Героски: Ќе биде ли Заев подобар од Тито? Па зарем некој се сомнева во тоа?!

Државата ни е стабилна. Владата ни е стабилна. Коалицијата е стабилна. Следува стабилен...

Сите убаво се сеќаваме како сопственици на земјоделски комбинати, млекари, фабрики за кондиторски производи, такси компании, компании кои работат со недвижнини… на Мијалков за беспари му ги продаваа своите удели во нивните фирми. Прво компаниите одеа офшор, за потоа капиталот да заврши во рацете на директорот на УБК.

Златев: А да му го преземеме „Мериот“ на Сашо Мијалков?

Со двајца криминогени поранешни политичари, со неколку поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ...

Нема идеална држава, ниту идеални граѓани, колку и да е организирана совршено, колку и да се сонувало за решенија, оние кои Платон ги нудел, еднакво како и Аристотел.

Секуловска: Апасиев е останат трулеж од времето на Груевизмот

Пцуењето на новиот парламентарен пратеник Димитар Апасиев, упатено кон доскорешната...