Можеме, секако, да речеме дека Боки начекал еден куп будалетинки со нив да се заебава, дека начекал село без кучиња – и можеби и во тоа има вистина, нели – но не треба да негираме дека во случајот на овој лик имаме еден среќен спој,

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 мај, 2020 23:38

ГЕРОСКИ ЗА ДОАЃАЊЕТО НА БОКИ 13 НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА: Двајцата лидери, Зоки и Боки

Фото/Текст извор: ©плусинфо

„За вас можеби ќе биде банално, некои аналитичари можеби ќе сметаат дека сум полудел, од овој момент кажувам дека пред вас стои идниот лидер на оваа земја и планирам да се занимавам со политика“. Оваа историска изјава излезе денеска од устата на Бојан Јовановски, популарниот Боки Тринаесетка, Боки Тредичи, обвинет во аферата „Рекет“, заедно со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Иако лично сум убеден дека судот има доволно квалитетни, уверливи и дури и спектакуларни материјални докази без сомневање да одлучи дали Јовановски и Јанева се виновни за делата што им се ставаат на товар, па дури и без оглед што беше очекувано во финишот на процесот двајцата да отворат уста и да посочуваат на виновници околу себе, да влезат и во меѓусебна пресметка, сакам јасно и гласно да ви кажам дека јас не мислам дека Бојан Јовановски полудел. Неговата најава дека ќе се занимава со политика воопшто не ја сметам за банална, туку за мошне сериозна. Напротив, мислам дека човекот треба да се охрабри да продолжи во таа насока.

А зошто да не, ве молам?

Вака или онака, овој опскурен лик, кому очигледно не му недостасува природна интелигенција и дарба за вакви игранки, таа ѕвезда на ријалити шоуто „Големиот брат“, очигледно успеа да се наметне како лидер на македонската медиумска сцена, да стане командант на еден цел одред медиумски „бардови“ (кои, како што слушнавме од него денеска, во 1ТВ добивале дури и специјални задачи, срамни за луѓе кои важеа за некакви величини во македонското новинарство), да израсне во фраер кој успеа да заврти милионски суми, да се факторизира во македонската политика, да води разговори со лидерот Зоран Заев за „одредени општествени ситуации“, да контактира со сите најважни луѓе во СДСМ, од нив да биде јавно крунисан и со дел од нив да склучува меморандуми за идни криминални зделки, да стане мешетар кој на линија ги има сите поважни обвинители, а неговата омилена Катица Јанева во него да стекне толкава доверба што ќе му дозволи да ја снима како игра хип-хоп со купчиња евра во рацете.

Иако лично сум убеден дека судот има доволно квалитетни, уверливи и дури и спектакуларни материјални докази без сомневање да одлучи дали Јовановски и Јанева се виновни за делата што им се ставаат на товар, па дури и без оглед што беше очекувано во финишот на процесот двајцата да отворат уста и да посочуваат на виновници околу себе, да влезат и во меѓусебна пресметка, сакам јасно и гласно да ви кажам дека јас не мислам дека Бојан Јовановски полудел. Неговата најава дека ќе се занимава со политика воопшто не ја сметам за банална, туку за мошне сериозна. Напротив, мислам дека човекот треба да се охрабри да продолжи во таа насока.

Ве прашувам, кој од вас може да го постигне тоа за помалку од три години?

Можеме, секако, да речеме дека Боки начекал еден куп будалетинки со нив да се заебава, дека начекал село без кучиња – и можеби и во тоа има вистина, нели – но не треба да негираме дека во случајот на овој лик имаме еден среќен спој, или она што на англиски јазик се нарекува perfect match, на главните атрибути на човек склон и способен за брзи игри на работ или и преку работ на законот, со главните карактеристики на еден хибриден режим, хронично и неизлечиво зацапан во мафијашка кал, во корупција, во клиентилизам, во политичка неодговорност и во еден погубен популизам.

Токму затоа, не е никакво изненадување што денеска во судницата, идниот лидер на некоја нова партија, идниот премиер или можеби и идниот претседател Бојан Јовановски, многу сериозно го предизвика својот главен конкурент на политичката сцена, човекот кој сѐ уште има највисок рејтинг (ако им се верува на анкетите), несудениот Нобеловец, нашиот омилен Зоран Заев.

Од денешниот лидерски дуел, од обвинувањата на лидерот во најава Бојан Јовановски, како и од репликата на Зоран Заев, ги издвојувам следните пет главни поенти:

1. „Главна цел на предметот ‘Рекет’ е рушење на 1ТВ и на СЈО“, тврди Боки. Во изминатите месеци и дел од „бардовите“ ја елаборираа оваа теза, уверувајќи ја јавноста дека Боки и Катица ќе успеат да ја докажат својата невиност. Потоа бардовите некако нагло замолчеа, веројатно претчувствувајќи дека Јовановски тезата ќе ја насочи таму каде што тие најмалку очекуваат и посакуваат: „И самиот тогашен премиер Зоран Заев имаше интерес да го снема СЈО“, опали денеска нивниот гуру.

Не знам дали Јовановски во иднина ќе има можност подетално да ја образложи својата теза, или тоа во својата одбрана ќе го разјасни неговата другарка Катица Јанева. Како и да е, мислам дека некој треба подетално да објасни зошто Заев би имал интерес да го снема СЈО. Можеби некој од „бардовите“ ќе се истакне?

2. „Се тргуваше со овој случај – вели Боки – Катица Јанева беше уценета, или ќе дадеш оставка или ќе се случи ова што се случува сега“.

Уценета? Од кого уценета? Прашањето важи за двајцата лидери, поранешниот Зоки и идниот Боки. За некој иден дуел. Можеби и Јанева ќе може да ни помогне во разјаснувањето на оваа теза. Или не?

3. „Со Заев комуницирав подолги години“, раскажува Боки. „Сум бил симпатизер – додава тој – но никогаш член на СДСМ“. Овде мала дигресија од моја страна: срамота, другарчиња, за толку заслужен човек за вашата кауза, за човек на чие крунисување присуствувавте безмалку сите, да не се најде една партиска книшка, со назнака „почесен член“, на пример, срамота е тоа!

„На 3 април, Заев гостуваше во телевизијата. По емисијата, разговаравме во мојата канцеларија и Заев ми кажа дека и мене и Катица нè следеле странски служби. Ме уплаши и ме изманипулира дека странски обвинител имал сè за мене“, сведочи Боки.

На ова, Заев одговара: „Не сакам да коментирам такви изјави бидејќи се неточни“. И барем да запреше тука, кутриот Заев, некако ќе го разберев. Не е точно и точка, што има тука уште да се коментира? Арно ама, Зоки не знае да запре кога треба, па објаснува: „Секако секогаш со секој човек што сум се гледал сум апелирал на законско работење и тоа денеска го потврдувам. Јас не негирам дека сум имал средби со Бојан Јовановски во телевизијата, како и сите други кога биле гости. Секогаш сме коментирале одредени сутуации, општествени, какви било, но ако некогаш сум искоментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал заради тоа што законите мора да важат еднакво за сите“.

Е јеби га… Чинам дека јас со Зоки се познавам многу подолго од Боки (кого, пак, ама ич не го познавам, освен од телевизија и како оперативец на таа странска служба што ми ја спомнува, која и да е, не е битно) и природно е да бидам пристрасен во полза на лидерот на СДСМ. Но сепак, од авион се гледа дека во овој долг и конфузен исказ на Заев, има некои одвишни, а сомнителни тртљаници.

На пример, еве и јас сум се гледал со Зоки многу пати во минатото (кога Боки сѐ уште не беше „педер“, а јас „суетен новинар“), но тој кај мене никогаш не апелирал за законско работење. Зошто за тоа правел муабет баш со Бојан Јовановски? И тоа баш на 3 април? Одозгора на тога, не ми е јасно што сакал Зоки да каже кога вели: „…Ако некогаш сум искоментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал заради тоа што законите мора да важат еднакво за сите“? А бе знаеме ние дека Зоки секогаш е законите да важат еднакво за сите, а за некои и поеднакво ако може, ама ќе ни каже ли лидерот што тоа наслушнал?

Бај д веј, дали ова чудно апелирање и укажување за кое зборува Зоки навистина се случило на 3 април, како што тврди Боки, дваесеттина дена пред датумот кога Заев наводно официјално го пријавил во Обвинителството случајот „Рекет“? Велам „наводно“, зашто јас сѐ уште немам видено документ дека Заев случајот го пријавил, како што тврди, на 22 април. А на чамче муабет не верувам…

Да заклучам за ова: на мене овој сложен и конфузен исказ на Заев ми кажува дека на тој 3 април (белким може да се провери дали тогаш актуелниот премиер гостувал во телевизијата на идниот премиер на Македонија и дали потоа седеле во канцеларија и разговарале за „одредени општествени ситуации“) Зоки сепак го предупредил Боки дека нешто му се спрема. Вие немате таков впечаток?

4. „Зоран Милески ми кажуваше дека со Ана Камчева биле во неколку амбасади и неколку пати во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Тогашниот премиер им ветил дека ќе стори сѐ што може да се олесни позицијата и на Камчев, на Мијалков и на останатите, за да не трпи многу и бизнис-заедницата“.

Мале, мале, малеее… Видовме џанам колку Заев им ја „олесни“ ситуацијата на сите спомнати и на многу други, на сите кои требаше да бидат, всушност, трофеите на Заев и на Јанева во остварувањето на предизборното ветување за „правда и мир“. Наместо правда, видовме тежок непрофесионализам, правен волунтаризам, аматерско арбитрирање и политизирање на кејсовите, медиумски манипулации и конечно, класичен рекет. Ако Заев пак се добере до власта, јас сум сигурен дека сите спомнати пак можат да се надеваат само на слични „олеснувања“. Мамичето ќе им го расплаче, ако може! Но, за љубов на вистината, треба да се каже и тоа дека сосема е можно Заев да зборувал дека не треба да трпи „бизнис-заедницата“, дека тој е против притворите како решение и слично на тоа. Личи тоа на слаткоречивиот Зоран Заев.

5. „Заев со Кичеец – сведочи идниот лидер на Македонија – зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“.

Уф… Ова веќе е ептен сериозно! Местење избори. Паравојска. Чудесии. Очигледно, станува збор за последните локални избори. Според Боки, во СЈО наводно имало „бомба“ за местењето на изборите. Би сакал, од устата на поранешниот лидер на СДСМ, да слушнам резолутна изјава дека немало никакво местење на изборите во Охрид, а како потврда за тоа – да ја слушнеме ние таа фамозна снимка. Зошто да им веруваме на Боки и на Зоки на збор? Ќе ја слушнеме снимката и ќе си се убедиме дека некој од нив двајцата лаже. Чудо големо. Не е ни првиот, а нема да биде ни последниот лидер на оваа напатена земјичка што го лажел народот.

И така, драги мои…

И без мојот придонес, еве ви интересна завршница на случајот „Рекет“. А уште не е ни доиграна. Лидерската средба во Кривичниот продолжува со исказот на обвинетата Катица Јанева. Кој знае таа што ќе ни каже, кутрата. Додуша, факт е дека Катица никогаш не се огласила со таква политичка амбиција, тоа Фатиме Фетаи, ако не се лажам, се изјасни дека себеси се гледа и како идна претседателка на Македонија. Но, изгледа во тоа друштво лидерските амбиции биле заразни ко коронава, па не е исклучено да слушнеме уште еден лидерски настап во судница.

Како и да е, работата не е баш за шегување. Како што знаете, јас никогаш Зорана Заев не го сомничев дека е кривично одговорен за „Рекет“ – тврдев и тврдам дека е политички одговорен за скандалот, тоа да! Но, веќе темелно изверзираниот во правосудната материја Бојан Јовановски му постави незгодни замки на својот политички конкурент во лидерската битка. Имено, ако Заев на 3 април, на свој начин, со „апели“ и „укажувања“, или било како, го предупредил Јовановски за постоење „индиции за незаконско дејство“, расправата за таа непријатна „општествена ситуација“ понатаму сепак ќе мора да се води во присуство на обвинител и на адвокатот на Заев. Лично мене ништо од тоа не ми е потребно (мене ми е доволно Зоки подетално да ни раскаже што разговарал со Боки на 3 април во 1ТВ), но идниот лидер на Македонија очигледно си ги знае правата и знае каде и како да притисне.

Нејсе, тоа е таа наша чудесна Македонија. Процесот „Рекет“, претпоставувам, ќе заврши со коректни и праведно одмерени пресуди за обвинетите, во духот на најдобрите традиции на нашето судство. Но, овој процес сепак ни потврди дека политиката е вмешана во скандалот, за што некои врвни личности сносат најмалку политичка одговорност. А кога спомнувам одговорност, мислам на одговорност не само за „Рекет“, не само за пропаста на СЈО, институцијата што требаше да биде скапоцениот камен во круната на реформираното судство, туку и за изневерената доверба во концептот за владеење на правото во Македонија.

И затоа, претпоставувам, реформата на правосудството и враќањето на довербата во правдата ќе биде првата точка во програмата на Бојан Јовановски, кој од денеска стапува на политичката сцена, со нескриена амбиција да биде идниот лидер на Македонија. Да му посакаме добредојде. Зошто па да не? Какви се шутраци не сме виделе, што ќе му фали на Боки?

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Сега Грција нема проблем, бидејќи Заев и Димитров „им го решија“ со потпис на преспанскиот – но проблем има Бугарија кој Заев и Димитров го прифатија, исто така со потпис на договорот за т.н. добрососедство.

Дурловски: За чии интереси работи владата на СДСМ?

Македонија е земјата која треба да се откаже од македонското малцинство во Бугарија...

После може нивниот Самка Ибраимовски да го изберат за претседател на СДСМ. Стојанче Цреп да им биде потпретседател и министер за одбрана.

ЛАТАС: Венко Филипче е единица мерка за корупција и непотизам

Помина денот на Власите, а техничкиот Оливер Спасовски не им го честиташе етничкиот...

Мизерни пакети за сиромашните, но нов мерцедес од 250 илјади евра за Заев, ваучери за оние со бедни плати, но стотици илјади евра за роднинскиот картел од непостоечкото СЈО.

Муртинскиот Минхаузен

Античката митолошка мудрост не учи дека не им се верува на Данајците дури и кога дарови...

Така што, „свети Филипче“, најди си друг начин за решавање на проблемот кој самите го создадовте, бидејќи овој лек што сега го предлагате е поопасен од самата болест.

ЈАНЕВСКИ: Карантинот за Рамазан Бајрам е класична местенка за Чулев и ВМРО-ДПМНЕ!

Веројатно не треба многу да се елаборира дека карантинот од сабота до вторник наутро,...