Героски посочи дека сите стории за кои пишуваше повторно ќе се актуелизираат  за изборите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јуни, 2020 20:55

Героски за мерките превземени за коронавирусот: Се доцни комплетно по секој основ!

Фото/Текст извор: ©канал 5

Денеска во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија новинарот Бранко Героски кој воедно беше оној кој ја откри аферата Рекет 1 и 2 коментирајќи ја моменталната состојба во државата и справувањето со пандемијата со Ковид 19, рече дека големи се пропустите со мерките.

Има дваесеттина кои се применуваат надвор, а не и кај нас. Еве јас само нешто ќе споменам. Од самиот почеток имаше сериозни залагања за масовни тестирања, а алгоритмот и ден денес е многу рестриктивен, ненормално рестриктивен прашајте било кој лекар, рече новинарот Бранко Героски на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Героски вели дека премногу се чека за да се дојде на лекар.

-Многу се чека да се дојде до лекар, уште повеќе за тест и после доцна се откривале. Нормално доцна се откриваат, се доцни комплетно по секој основ. Стандард е тестот да се прави „на барање“ и тоа треба да биде така и тука. Црна Гора која е добар случај во регионот ние дури сега почнуваме да го применуваме нивниот модел. Ние може да се споредуваме тука со земјите од регионот, со земјите од поранешна Југославија. Ние значи доцниме и со терапијата, додаде Героски.

Героски посочи дека сите стории за кои пишуваше повторно ќе се актуелизираат  за изборите.

-Во изборите стандард е да бидат и овие случаи актуелни, ако е ваква ситуацијата со короната. Коруптивните случаи како Рекет 1, 2 и 3 се процесуираат во судовите, добиваат разврска. Не можам да замислам земја во Европа каде има коруптини случаи тие да бидат тема, ќе се наметне и економската криза поради короната, но и претходно имавме изместени случаи. Дилема беше во јавноста дали мерките на Владата беа во ред или не, рече Героски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести