Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев ми дава 25.000 евра во кеш.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 јули, 2019 0:01

ГЕРОСКИ НАЈАВУВА ТУЖБА: Миленко Неделковски има “ВИДЕО” каде Камчев му дава на Героски 25.000 евра во кеш?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Новинарот Бранко Героски вечерва на социјалните мрежи ги повика Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка што ја поседувал Миленко, во која Орце Камчев наводно му дава на Героски 25.000 евра во кеш.

Аферата „Рекет“ од понеделник ќе добие ново сценарио, според најавите на новинарот Бранко Героски, кој со аферата за „Кики“ и „Фрики“ ја отвори оваа голема и популарна рекетарска афера која ја тресе Македонија.

Фејсбук статус на новинарот Бранко Героски. 

Героски вечерва на својот Фејсбук профил го повика Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка што ја има Миленко, во која Орце Камчев наводно му дава на Героски 25.000 евра во кеш.

Героски како што напиша одговорно тврди дека такво нешто никогаш не се случило и дека од никого немал земено ни 1 евро кеш.

Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев наводно ми дава 25.000 евра во кеш. Или некој друг бизнисмен, сеедно.
Јас одговорно тврдам дека такво нешто никогаш не се случило и дека од никого немам земено ни 1 евро кеш.
Но еве, ако имаат снимка, слободно нека ја објават. Ако се плашат од тужба, нека ми ја испратат мене снимката, јас ќе ја објавам.
Ајде јуначишта, да ве видам!

ПС. За монтажите на Саше Политико за моите наводни чатови, самата будалетинка во една прилика призна дека станува збор за местенка. Немам што да додам освен да повторам дека чатовите не се автентични.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ти ја напиша вистината серџо, боки вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно, силен е тој, ќе го преживее и ова, тој е модерниот робин худ,

Зоки Фаци за “Рекет”: Боки 13 е модерниот Робин Худ, вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно!

Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци, кој е вработен во 1ТВ, напиша емотивна...

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...