За Кики и Фрики Героски откри дека се политичари, дел од владејачката гарнитура.

Објавил: Перо Милчин | 20 јули, 2019 1:25

ГЕРОСКИ НАЈАВИ НОВА ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБИ: „Во понеделник ќе ви кажам кои се Фрики и Кики„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Новинарот Бранко Героски, кој прв во јавноста преку своите колумни пишуваше за рекетот, на социјалните мрежи најави дека во понеделник ќе открие кои се Кики и Фрики! 

Новинарот Бранко Героски веќе некое време објавува тајни за рекетот и уцените од страна на луѓе блиски до актуелната власт. За Кики и Фрики Героски откри дека се политичари, кои дел од владејачката гарнитура.

Како што потенцираше Героски во своите колумни, се работи за пратеници од кои едниот до неодамна бил на висока партиска позиција, а другиот бил на висока државна функција

Денеска премиерот Зоран Заев на прес конференција за медиумите, изјави дека за него Кики и Фрики не постојат и дека не знае кој се.

Кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме. Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите заради тоа што кога е истражувачко новинарство, тоа е креативно, треба да носи со себе и храброст. Изволте, секој да го истакнете ако има сомневање. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство, рече Заев.

Нема само Коки братчиња и другарчиња во врвовите на власта. Имам и јас овде-онде по некое пријателче, па ме известуваат луѓето дека мојот серијал за рекетарската банда што сее страв и трепет низ Македонија, „државниот врв“ внимателно го следи и дека „се очекуваат реакции“. Не сум баш убеден дека реакциите ќе бидат во духот на борбата против корупцијата и доброто владеење, но јасно ми е зошто моите приказни за Коки, Кики и компанија – иако напишани во стилот на класична фикција – толку сериозно ја загрижуваат власта, пишуваше Героски во своите колумни за порталот инфо плус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева пред малку излезе од ОЈО каде беше на распит за случајот „Рекет“. Како што рече таа, била повикана во својство на сведок.

СВЕЧЕН ПРЕЧЕК: Вилма и Катица се гушкале и целивале кога се сретнале денес во обвинитeлството!

Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави ексклузивна информација...

Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

АДВОКАТИТЕ НА БОКИ-13: „Лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев”

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро...