Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 август, 2020 22:25

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Фото/Текст извор: ©Плусинфо

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило конечно да се извлече од канџите на принудната неколкумесечна изолација, од зависноста од смартфоните кои сега се единствениот начин на социјализација на децата и од оваа коронадепресија. Не недостасува ниту потреба ниту желба кај сите нас децата да се вратат во училишните клупи, да следат настава во комуникација со нивните наставници, да учат и да се дружат со своите врсници, макар и во услови на строги правила и протоколи за поведението, пишува во својата нова колумна за Плус Инфо, новинарот и уредник Бранко Героски.

Но, потребите и желбите се едно, а реалноста е нешто сосема друго. Протоколите напишани на хартија ни оддалеку не се доволна гаранција дека наставата во училиштата ќе се спроведе во безбедни услови и дека физичкото присуство на децата на училиште нема да го зголеми ризикот да се заразат од опасниот вирус, да заболат од ковид-19 и да ја шират заразата во својата околина,пишува Героски.

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси да го обезбедат нужното физичко дистанцирање на учениците во текот на целото време додека се предадени на грижа на наставниците, што ќе рече и кога се на час, но и кога се во ходниците и во училишните дворови.  

Тој што ќе донесе и што ќе потпише таква одлука треба да биде сигурен што прави и каква одговорност презема. Ние, родителите, не смееме да дозволиме било кој да експериментира со здравјето на нашите деца. Ако се случи хаварија, тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи ќе се соочи со политичка, но и со кривична одговорност.

Го потенцирам ова за да укажам на потребата да се биде свесен за тежината на една таква одлука. Нашите деца се во прашање. Да не заборавиме, во почетокот на епидемијата, првата рестриктивна одлука беше прекинот на наставата во училиштата. Се покажа дека тоа беше навремена, одговорна и добра мерка за спречување на ширењето на заразата меѓу најмладите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање.

Никола Груевски имал план за создавање нов град: Еве каде требало тој да се наоѓа

По 10 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ, веќе 4 години не е на власт. Во периодот на нивното...

Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

Филипче најави набавка на брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ министерот за здравство доц. д-р Венко...

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Позната здравствената состојба на војниците кои утринава беа повредени во сообраќајна незгода!

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте...

Во гостувањето премиерот рече дека од големо значење е пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Македонија.

Заев: Ако го присвојуваме Гоце Делчев, нема да го решиме проблемот со Бугарија!

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“, премиерот Зоран Заев рече дека...