Јас немам потреба да се мачам да ви објасувам каде и колку грешите. Ако се сака, тоа може лесно да се сфати. Просто е.

Објавил: Сара Фемина | 11 октомври, 2019 18:46

ГЕРОСКИ: „Не претпоставував дека главниот ПИЛОТ Зоран Заев, два месеца пред мене знаел за аферата„

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Драги мои другарчиња, ете пак морам да ви кажам некои нешта што нема да ви се допаднат. Не ми е лесно, ама кој ми верува? И повеќе нема да ви ги објаснувам моите мотиви. Богами, јок! Вие, како што читам и слушам, веќе сте си се убедиле дека моите намери се непријателски и затоа нема да се разубедуваме. Ваш проблем. Толку ви сече…

Гледам, вам ви е потребна цела една раскошна кампања, за да ги убедите луѓето дека се позадоволни одошто се, дека живеат подобро и поспокојно од порано и дека под ваше водство, сите ние заедно сме биле на прав пат.

И веднаш сфаќам дека нема смисла да ве убедувам дека кампањата ви е тотално промашена, бидејќи вие тоа, едноставно, не можете да го видите. Зошто? Затоа што толку ви сече…
Сте ангажиралe буљук партиски апаратчици и пиарчии, плус дузина „ведети“, дрвени филозофи и принцеви на говорот на омраза, со поддршка на старите проверени и сега добро платени плукачи од парамедиумите, со задача да ја уверуваат јавноста дека аферите и скандалите што ве тресат секојдневно не значеле ништо, дека датумот за преговори за членство во ЕУ и финалниот прием во НАТО ќе ги покријат сите ваши глупости, дека вашата политичка конкуренција ионака ќе умре, дека вашите критичари (меѓу кои сум и јас) ќе се повлечат под притисокот на секојдневните атаци, клевети навреди, пред таа вербална агресија што се истура врз нас, во ваше име и за ваша сметка. А вие си верувате во тие будалштини и не сфаќате дека скапо ќе платите за тие зла. Но и тоа е ваш проблем. Толку ви сече…

Јас немам потреба да се мачам да ви објаснувам каде и колку грешите. Ако се сака, тоа може лесно да се сфати. Просто е. За тоа не е потребна вербална еквилибристика, никакви цитати насобрани од ваму или таму (цитатоманите ви се најсмешни), никакви посебни мудрувања. Јас дури немам потреба да се спротивставувам и на вашата клучна теза дека сте биле на прав пат. Вие ионака не можете да истрпите да ви се каже дека сте имено на крив пат. Оти толку ви сече…
Се надевам дека има барем некој разумен меѓу вас, тристоте пилоти во тој ваш смешен авион што излгледа како беспилотно летало залутано во олимписките височини, меѓу вас што летате високо над суровата реалност долу на земјата, што ќе ја запознаете дури откако ќе атерирате.

Ете тој разумниот можеби ќе се сети на еден ноторен факт од 2005 година, на кој не смее да се заборави. Тогаш, под водство на Владо Бучковски, вие исто така бевте на прав пат. Поправ беше немало пред тоа. И долго време потоа немаше. Тогаш Македонија стана земја кандидат за членство во ЕУ. Па сепак, веќе следната 2006 година, народот сурово ве казни, драги мои другарчиња, а опозицијата буквално ве прагази, како шлепер жаба. По што ви беше потребна цела деценија за пак да дојдете на власт. И вие и денес не сфаќате што ви се случи тогаш. А како би сфатиле, кога толку ви сече?

И тогаш, како и сега, кабаетот (или славата, кој како гледа на нештата) не беше кај народот, ниту кај опозицијата, најмалку кај критичарите на власта. Проблемот беше кај вас, пилотите. Тогаш во јавноста преовладеа перцепцијата дека власта е корумпирана и неспособна. На Бучковски му немаше спас. Да ве потсетам, централната афера, онаа за овчарот Иснифарис Џемаили (на која ретко кој денес се сеќава), тежеше околу 700.000 евра. Ви се верува? Како и Бучковски тогаш, така и денес вие не можете да сфатите дека народот е разочаран од вашето владеење.

Да, да, вие бездруго имате многу аргументи со кои може да полемизирате и да тврдите дека нема причини за голема разочараност, дека навистина сме на прав пат. Но, вака како што се менаџирате себеси, ве уверувам дека нема да ја смените перцепцијата дека сте корумпирани, криминализирани и некадарни. Проблемот е што многу ветивте, многу излажавте и сега народот не ви верува. А вие тоа, едноставно, не можете да го сфатите. Зошто? Знаете веќе, зашто толку ви сече…
Драги мои другарчиња, вие нема многу да профитирате од тоа што Македонија, се надевам, брзо ќе ги почне преговорите со ЕУ и до пролет и формално ќе стане членка на НАТО. Сето тоа е премногу важно за иднината на нашата татковина, но немојте да си правите бајрам со умот дека тоа ќе ви обезбеди победа на следните избори и опстанок на власт.

Не, тоа нема да ја смени перцепцијата кај народот дека немате политичка волја да се справите со криминалот и со високата корупција, дека сте заробеници на непотизмот и на клиентилизмот. Вие секако нема да се согласите со оваа констатација, но јас нема да ве убедувам дека е поинаку. Во што верувате, тоа е ваш проблем. Ќе разберете само толку колку што ви сече…
Се сеќавам, во јуни годинава, кога ги пишував моите кодирани приказни за аферата „Рекет“, навистина не претпоставував дека толку многу луѓе, вклучувајќи го и главниот пилот Зоран Заев, најмалку два месеца пред мене знаеле за аферата, за сите детаљи, дури и за такви за кои јас разбрав многу подоцна.

Претчувствувајќи дека нешто опасно се крие, дека постои отпор да се дојде до вистината и особено неспремност да се преземе политичка одговорност за скандалот, во моите приказни упорно и наивно го советував Заев да го пресече Гордиевиот јазол, да го отстрани дивото месо и да ги санира последиците од аферата.

 Еден мој пријател тогаш ме предупреди: џабе се трудиш, нема да те разберат, само ќе те замразат уште повеќе. А зошто, го прашав. Пријателот ми одговори со зачудувачка леснотија – толку им сече!
И еве, денес, после шест месеци, јас навистина немам друго објаснување зошто толку лошо се справувате со предизвиците, зошто дејствувате вака трапаво и несигурно, зошто авионот полн со триста пилоти сега го управува автоматски пилот, додека вие си пеете „у тунелу усред мрака“. Немам логичко објаснување за отсуството на порив да се обидете да владеете подобро, почесно и поодговорно. И немам веќе што друго да ви кажам, драги мои другарчиња, дури и кога би имал желба. Да бидам искрен, ни желба веќе немам. За секој збор што сум ви го кажал, вашите кучиња на пропагандата ми вратиле со по десет отровни стрели.
Терајте си вака… Сте си фатиле работа со луѓе нелуѓе, со неопитни и незрели аџамии и со фрустрирани и исцедени старчиња, со самобендисани некадарници, од нив земате ум, со нив и преку нив комуницирате со народот, му кажувате дека не е веќе македонски, дека нема ништо свое, дека е дрво без корен, го пцуете, го навредувате и мислите дека сето тоа ви врши работа, дека тој понижен народ утре ќе гласа за вас, оти сте биле на прав пат. Да се чудиш. Туку, нема сега друго чаре, со нив и со такви сподоби сте фатиле работа, со нив ќе си ја довршите.

Може ли поинаку? Можеше, ама веќе не може. Зошто? Нема време? Не е до времето, другарчиња пилоти. Ви кажав веќе, едноставно, толку ви сече…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Од сите твоите Будимпештански писма кон нас Македонците, ми личат на писмата на Наполеон кон Жозефина, никогаш не прочитав една дума самокритика?! Барем еднаш да си бил грешка!!!

Миленко до Груевски: ДА МУ СЕ ИЗВИНИШ на Македонскиот народ и да ПОБАРАШ ПРОШКА, твојата непрофесионална политика не доведе до овие лај.а

Повеќепати сум напишал и сум кажувал дека ти дојде до изворот, ама вода не се напи! Ти...

А пред избори СДСМ има едноставна кампања: ветувања секому според потребите, земање кредити, билдање буџет и купување гласови. Буџетот за наредната година е четири милијарди евра! Заев сега троши 600 милиони евра повеќе од Груевски во 2016-та, последната година на власт. Тоа се нови 600 милиони евра кои владата ќе ги земе од нас, граѓаните и фирмите преку повисоки такси и даноци, од казни и секој ден нови и нови давачки.

Латас: Ги изедоа баклавите па ветуваат јуфки за сите

Баклавата ја изедоа, и сега пред нас стои само празната тепсија, што би рекол Заев, со...

Предлозите од типот “направи партија, ние ќе те гласаме“ се неизводливи, дури би рекол и несериозни. Оти тоа подразбира процес кој јас не сум способен да го изработам.

Миленко размислува да се кандидира за пратеник: Платата од функцијата нема да ја земам, ќе оди за социјални семејства!

Реално, многу размислувам дали да се кандидирам. Тоа дали, оди со прашањата како, со...

–Најкомична е вашата намера да го ограничите времето на одржување на јавните собири од 6 часот наутро до 23 часот навечер.

ГЕРОСКИ: Што е, другарчиња, цвикате од протестни собири, ќе воведете полициски час?

Новинарот Бранко Героски реагира на најавата на властите да воведат, како што вели,...