А тоа што „дувате“, шмркате и се боцкате, па и јавно се фалите со тоа (читаме меѓу редови, де), тоа веќе не е баш „ин“ во светот.

Објавил: Сара Фемина | 16 мај, 2019 17:30

Героски: Не сакаме децата да ни живеат во земја која легално се ШМРКА КОКАИН И ШПРИЦА ХЕРОИН!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Не е точно дека сум побарал оставка од пратеникот Павле Богоевски. Точно е дека му напишав да се засрами и дека го потсетив за следново: „Во земја во која се легализираше медицинската употреба на канабисот, човек што носи голема општествена одговорност, како пратеник избран од народот, знае што треба да стори“. Веднаш и без одлагање.

Ама ич не ми е гајле што ќе стори Павле и дали ќе поднесе оставка!

Откако самиот јавно призна дека нелегално набавил психотропна супстанција, наводно масло од канабис – значи, не со рецепт, не во аптека, не како сите обични смртници што си имаат мака – судбината на Павле веќе не е прашање на политичка одговорност, туку на кривично-правна постапка.

Од тој аспект, можеби има смисла да расправаме дали наводниот таксист, што наводно го снимил Павлета, сторил кривично дело.

Јас тврдам – да. И дали нелегално прибавената снимка може да биде доказ во некоја идна кривична постапка против човекот што го снабдил пратеникот Богоевски. Јас тврдам – не. Законот е јасен, нелегално прибавен доказ не може да се користи во судска постапка. И тоа важи за сите, а не само за оваа нелегална снимка.

Туку, ај да не тупам за ова, знам дека не ви се допаѓа таа тема. Впрочем, пола доза колумна потрошив на човек што вчера сам си ја оконча политичката кариера.

Втората половина сакам да ја посветам на неговите бранители, на тие што јавно се ставија на страната на Павле и кои бараат да се засрамиме ние што немаме разбирање за постапката на хировитиот пратеник.
Апологетите Павлеви и на власта – истите се, де, ги научивме веќе – нас, луѓето на кои не им се допадна поведението на „лидерот на Шарената револуција“ (избран кога, каде и од кого?), нè нарекуваат „малограѓани“, „сеирџии“ и со други погрдни зборови. И нормално, политички веднаш нè рубрицираат во графата „вмровци“. Тоа е наједноставниот начин на дискредитација.

„Издржи Павле“, вреват на цел глас. Зашто, замислете, барањето оставка од пратеникот Богоевски да ти било „рушење на Заев“. А што баш на Заев? Не сум чул и Заев да набавува „пола“. Ах да, сфаќам, брендот „Заев“ на апологетите им служи за оправдување и за релативизирање на криминалот, корупцијата, непотизмот и на другите слабости на оваа власт. Така и приказната за Мира Дизел, нели, беше „рушење на Заев“.

Е па вака, другари „големо граѓани“, простаци и ропаци. Време е нешто да научите.
Можете да се пењавите колку што сакате, но има меѓу нас, обичните луѓе, такви што не сакаат нивните деца да живеат во земја во која легално ќе може да се пуши марихуана, да се шприца хероин и да се шмрка кокаин. Колку сме, толку сме, токму сме. Распишете референдум и ќе си видите кој е во мнозинство.
А тоа што „дувате“, шмркате и се боцкате, па и јавно се фалите со тоа (читаме меѓу редови, де), тоа веќе не е баш „ин“ во светот.

Вие ги лечите своите фрустрации, фалејќи се со вашите пороци и обидувајќи се да ги наметнете како модел на либерално општествено поведение, наспроти нашиот наводен „конзервативизам“ и „малограѓанштина“. И згора на сè, убедени сте дека и тој наратив народот ќе го проголта.
Џабе ви е сè! Ова нема да ви помине! Не пикајте ги со сила СДСМ и Заев во приказната, и онака и досега доволно мамичето мамино им го расплакавте! И онака не им оди баш најдобро.
Да си знаете, на следните парламентарни избори многу внимателно ќе гласаме. Двапати ќе мериме, еднаш ќе сечеме. Еднаш или ниеднаш. Минималниот фоторобот за избор на личност на така значајна функција ќе се вика – пратеник независник! Па вие видете…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...

Не ми влегува во главата како е можно за само дваесетина дена, она што бил нормален, урбан, секојдневен живот во Киев или Одеса – пазарење по модерни супермаркети, студирање, носење деца во градинки, вечерни забави, туширање наутро, свадби и разводи и безделничење на интернет – наеднаш да се претвори во тотален кошмар со буквална, секојдневна борба за гол опстанок…

Путиновата битка за Киев ќе биде како онаа кај Бородино за Наполеон

Војната во Украина влегува во својата четврта, можеби решавачка, но сигурно најтрагична...

На Али Ахмети му прекипе! Доста му е веќе и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постојано (и со години) да ја обвинуваат ДУИ за вклученост на нејзини функционери и локални и државни раководители во криминали и корупции, да ги озборуваат пред меѓународната заедницa.

На Али Ахмети му прекипе!

„Цврстината“ на функционерските инсталации на ДУИ, во смисла на почитувањето на...