Героски рече дека со функцијата вицепремиер за борба против корупцијата СДСМ всушност ги признава своите слабости, и сега дава одговор на она што тој го пишуваше во своите колумни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 август, 2020 22:44

Героски: Оваа влада нема да има мир ниту 100 дена!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вечерашното гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија, новинарот и уредник на Плусинфо, Бранко Героски рече дека според него новата Влада, нема да има мир ниту 100 часа, а не па како што вели 100 дена. Героски додаде дека според него сега веќе кога Владата е формирана треба да се започне со работење со полна пареа.

Героски рече дека со функцијата вицепремиер за борба против корупцијата СДСМ всушност ги признава своите слабости, и сега дава одговор на она што тој го пишуваше во своите колумни.

-Добро е што борбата против криминалот и корупцијата е прва, е приоритет. Тоа е признание за нивните слабости, за слабостите на СДСМ, претходната влада на СДСМ, за што јас зборував и пишував. Но, не е јасно што тоа значи освен што е јасно дека ќе има прочистување, се смисли на кадровско прочистување, а јас сум голем скептик. Не гледам како ќе го прават тоа, нема концепт. А го има секаде, корупцијата ја има секаде, можеби во судството е најизразена, таа е плод да се задоволат интересите на врхушката во СДСМ затоа што борбата против корупцијата не е кај извршната власт. Вицепремиерот можеби ќе може да координира и да прави политики, но директно не е надлежен за тоа, објасни Героски.

Героски истакна дека за него е чудно што ова е во еден дел влада во контиуитет со отприлика исти кадри.

-Отрилика исти кадри, а се воведува нова функција вицепремиер за борба против корупцијата. Борбата против корупцијата и криминалот е јасно кој е надлежен за неа, обвинителство, судство, има институции и тука не може да се меша некој од извршната власт. Исто не објаснија ниту што точно тој ќе работи. Многу ќе биде опасно ако извршаната власт почне да се меша во судската. Ако вицепремиерот Николовски доаѓа со идеја дека ќе може да влијае врз едно независно тело како Антикорупциска тогаш може слободно да се стави клуч на Илинденска и на таа Комисија и да си одат дома, бидејќи од таа работа не може да има ништо. јаас не знам што ќе работи овој вицепремиер, но знам што нема да работи нема да може да му се јавува на министерот за внатрешни Спасовски. Мора да функционира поделба на власт, рече Героски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...