Времето лета. Се ближат избори. Не е паметно Заев и СДСМ во изборната година да влезат со ваква опашка зад себе. Не треба да ве потсетувам што се случи по аферата „ТАТ“, нели?

Објавил: Сара Фемина | 6 август, 2019 8:15

ГЕРОСКИ ОТКРИВА: РЕМЕНСКИ заедно со Мандиќ, била „идеолог“ на програмата на невладината на Боки 13-ка и на програмата за пензионерски туризам

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата.

Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран. Го охрабруваме Јавното обвинителство да продолжи во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата“.

Оваа вчерашна изјава на премиерот Зоран Заев многумина ја разбраа како најава за интензивирање на истрагата за аферата „Рекет“ и како одлучен одговор на премиерот на сериозната порака што ни стаса од Метју Палмер, заменик помошник на државниот секретар на САД, кој ги отстрани сите сомневања дека Американците имаат намера да ја заштитат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од било какво гонење во врска со овој скандал.
Првиот сигнал дека Заев мора да биде поодлучен стаса за време на посетата на нам добро познатиот американски дипломат Рикер. Но, со оглед на опасноста Рикер да не бил доволно сериозно разбран, се огласи и Палмер, со следната принципиелна изјава за обвинувањата на сметка на Јанева: „Ова се сериозни обвинувања и сите такви сериозни обвинувања бараат сериозен одговор.

Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран. Го охрабруваме Јавното обвинителство да продолжи во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата“.

Ние поддржуваме целосна, темелна и транспарентна истрага за овие обвинувања и ако има докази, соодветно обвинение. Ова е можност за властите во Северна Македонија да демонстрираат подготвеност за почитување на владеењето на правото“. Заев вчера конечно јасно возврати дека ја разбрал пораката.
Инаку, аферата „Рекет“ се продлабочува, се комплицира и се наметнуваат три клучни прашања, на кои допрва ќе се бараат одговори:

Првото прашање е за кои дела би можеле да се кривично одговорни осомничените Бојан Јовановски, Зоран Милевски – Кичеец, но и други лица кои засега не се опфатени со истрагата, пред сѐ специјалната обвинителка Јанева, како и потписниците на спорните договори меѓу градежни компании и невладината организација Меѓународен сојуз, а пред сѐ личностите кои ги подигале спорните уплати како хонорари.
Втората дилема е какво и колкаво било влијанието на Зоран Заев, на Радмила Шеќеринска и на потпретседателката на парламентот Фросина Ременски, три водечки лика во македонската политика, врз успешноста на групата на Бојан Јовановски, во нејзините злосторнички активности. При тоа, еве, беспоговорно го прифаќам тврдењето на Заев дека бил злоупотребен и оваа теза ја проширувам на тројцата спомнати.
И трето, големо прашање е каков би можел да биде натамошниот тек на истрагата и како тој ќе се одрази врз популарноста на владата на Зоран Заев?
Да одиме со ред, во обид да понудиме одговори на трите прашања.

Кој ја штити Катица Јанева?
До овој момент, од сознанијата што го има јавноста за текот на истрагата (кои не мора да се целосни, бидејќи истрагата не мора за сѐ да ги известува граѓаните), се истражува главно случајот на „трговија со влијание“ меѓу осомничените и бизнисменот Орце Камчев, доказите и околностите во врска со тој настан, за кој одамна јавно предупредив дека е многу цврсто и уверливо документиран. Се чини дека во овој момент клучниот проблем на третирањето на овој дел од истрагата е неразумниот обид од списокот на осомничени да се изостави специјалната јавна обвинителка во оставка и да се занемари нејзината ролја во „трговијата со влијание“, која исто така е документирана. Нејзините невешти обиди за прикривање на доказите (преформатирање компјутери и телефони), пак, ја прават Катица Јанева многу сериозен кандидат за изрекување на мерката притвор.

Во овој момент, не се знае кој точно се обидува да ја заштити Јанева. Според моите сознанија, тоа не е премиерот Зоран Заев.

Втората дилема е какво и колкаво било влијанието на Зоран Заев, на Радмила Шеќеринска и на потпретседателката на парламентот Фросина Ременски, три водечки лика во македонската политика, врз успешноста на групата на Бојан Јовановски, во нејзините злосторнички активности.

Тешко ми е да замислам обвинителката Вилма Русковска да има мотив за тоа. По изјавата на Палмер, падна во вода и приказната дека Катица ја штитат Американците. Напротив, моите информации се дека тие се тотално разочарани од поведението на својот некогашен пулен. Според тоа, постои само еден логичен одговор на прашањето кој ја штити Катица, одговор кој е близок до она што се слуша во кулоарите – Катица ја штити Катица! Имено, има шпекулации дека Јанева испраќа пораки дека во случај да мора да им се придружи на Боки и на Кичеец, таа има намера „да проговори“, со цел и други да повлече со себе во бездната.
Дополнителен проблем е што неколку бизнисмени веќе далe искази во истрагата дека биле рекетирани на сличен начин како и Камчев, а еден од нив својот исказ го поткрепил и со изјава на сведок. Дел од бизнисмените од кои осомничениот Јовановски и групата директно изнудувале пари (повикувајќи се на пријателството со Катица Јанева и на компромитирачки материјали од СЈО), сѐ уште молчат за рекетот, но веќе наголемо се шпекулира за нивните имиња и се проценува дека нивното натамошно одолговлекување да дадат искази може сериозно да ги доведе во ситуација и самите кривично да одговараат. Особено ако „пропеат“ двајцата осомничени, а пред сѐ самиот Боки 13-ка, кој наводно веќе испраќал такви пораки.
Станува ли збор за злосторничко здружување?
Но, тоа не е сѐ. На 30 јули годинава, во текстот под наслов „Сите вие што сте заплеткани во Меѓународниот сојуз на Боки 13-ка, до кога мислите да се криете?“ вниманието го свртев кон невладината организација на Јовановски и кон нејзината улога во криминалните активности на „кралот“. Напишав дека поседувам фотографии на повеќе документи за криминалната шема во која се вовлечени повеќе лица.

Потоа, моите колеги од другите медиуми (Телма, Канал 5 и некои портали) беа повредни и побрзи од мене, ги објавија документите, а Телма обезбеди и клучен исказ од лицето Лилјана Тодоровска, возрасната жена на која ГП „Пелистер“ на Силјан Мицевски ѝ исплатил авторски хонорар од 720.000 евра, кои, според нејзиното тврдење, ѝ ги одзеле луѓето од Меѓународен сојуз. Не кажа кои луѓе, но ќе каже, ако биде прашана во истрагата.
Договорите на оваа НВО со Мицевски и со струшката фирма на Адријан Амзоски „Дрим билдинг“ (двата се јавно обелоденети) ги потпишале осомничениот Бојан Јовановски, неговата десна рака Јасна Мандиќ (таа се спомнува и како лице кое примило над 280.000 евра од Амзоски преку Македонската авторска агенција, по издадена фактура број 11/18 од 02.01.2018 година), Агапи Дика и координаторката Јованка Кухар. Патем речено, за да ја дополниме сликата, да кажеме дека Адријан е зет на бизнисменот Фијат Цаноски (сега со тужба од Боки побарува 300.000 евра), Агапи Дика е сестра на судијката Мери Дика, додека за Јованка Кухар има гласини дека е роднина на поранешната уредничка во 1ТВ Јадранка Костова. За конекциите на Јасна Мандиќ малку подоцна, но сега да повториме дека познавачите ја сметаат за клучна соработничка на осомничениот Јовановски, ако не и за мозок на целата операција.
Значи, во овој момент, дилемата е следнава – за што се виновни Јовановски, Мандиќ, Дика, Кухар и Тодоровска, кои очигледно заедно биле потписници, а дел и бенефитори од спорните договори?
Правниците што ги консултирав велат дека договорите на Меѓународен сојуз со „Пелистер“ и со „Дрим билдинг“ се спорни поради две работи: прво, невладината на Јовановски презема обврски кои не може да ги исполни (да обезбедува градежни парцели и документи за градба, дури и државни субвенции за проектот за старските домови); и второ, веднаш по договорите, при неисполнети обврски, потенцијалните „градители“ промптно му исплаќале на Јовановски огромни суми пари, ама не преку Меѓународен сојуз, туку како авторски хонорари на луѓето од групата. Едни правници велат дека тука има елементи само на кривичното дело измама (чудно, но „измамениот“ Силјан Мицевски засега не си ги бара парите назад), а на други им се сомнителни исплатите и велат дека тука можеби има перење пари или евентуално даночно затајување.
Како и да е, обрнувам внимание на еден факт што истрагата мора да го има предвид – сите потписници од страна на Меѓународен сојуз и лицата кои ги подигале парите, знаеле за содржината на договорите на кои ставиле потписи, свесно подигале пари и потоа ги предавале на трети лица. Со други зборови, сите биле здружени и добро организирани. Има материјални докази на сите на врат да им се натовари кривичното дело злосторничко здружување.
Ременски и Шеќеринска во фабулата
Доаѓаме до најчувствителниот дел од приказната, до прашањето каква врска имаат овие лица со Зоран Заев, со Радмила Шеќеринска и со Фросина Ременски?

И каде се тука поранешниот генерален секретар Александар Кирацовски и сегашниот портпарол Костадин Костадинов, кој е и дел од Меѓународен сојуз? Каде се тука министерот Горан Сугаревски и неколку градоначалници, сите заедно потписници на меморандуми за соработка со невладината на „кралот“, меморандуми со кои тој ги убедувал жртвите (ако воопшто станува збор за жртви), дека може да им обезбеди сѐ што им ветил, бидејќи ете соработувал со власта, на чело со премиерот Заев.

Што се однесува до потписниците на меморандумите, да претпоставиме дека поголемиот дел од нив не знаеле за вистинските намери на осомничениот Јовановски, а како доказ за тоа би можело да се прифати ноторниот факт дека тие не отишле чекор понатаму од потпишувањето на меморандумите. Но, сега, кога знаат сѐ, тие на јавноста ѝ должат не оправдувањa, туку извинување поради својата лекомисленост и поради спремноста да остварат соработка со еден таков опскурен лик, за чиј бекграунд можеле и морале да бидат подобро информирани. Истото се однесува и на Кирацовски, кој најверојатно бил само лице за контакт меѓу Јовановски и клучните луѓе во Битола, верувајќи дека помага некаков корисен проект. За Костадинов, пак, мислам дека дури ни тоа не може да се каже, оти момчето ми личи на обичен манекен во ова друштво.

Е сега, Фросина Ременски сепак е нешто сосема друго. Таа и формално е член на раководството на Меѓународен сојуз. За неа велат дека заедно со Мандиќ, била „идеолог“ на програмата на невладината на Боки 13-ка, но и на програмата за пензионерски туризам. Не знам дали е тоа точно, но на настаните на Меѓународен сојуз таа е во преден план, а се истакнува и на некои неформални журки на друштвото.

Неофицијално дознавам дека спомнатата Јасна Мандиќ е интересна личност и таа на некој начин е поврзана со Радмила Шеќеринска, заменичката претседател на СДСМ. Веднаш да се разбереме, не инсинуирам баш ништо и не сакам да правам сапуница од пријателска конекција на Мандиќ со сопругот на Шеќеринска, преку трети личности. Пријателствата и дружбите се нормална работа и не се ниту криминал ниту злоупотреба, сами по себе. Настрана фактот што Марија Јанковска, една од основачките на Меѓународен сојуз, е јатрва на Шеќеринска. И тоа може да е само обична коинциденција. Но, со оглед на невеселите околности, мислам дека Шеќеринска сепак ни должи објаснување дали овие релации можеби придонеле Мандиќ да стане членка на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија. На овој линк можете да го видите доказот дека десната рака на Бојан Јовановиќ и формално е член на едно владино тело. Дали и ова не е придонес кон јакнењето на позициите на Меѓународен сојуз, во обидите да склучува спорни договори, по кои следат уште поспорни исплати на огромни суми пари за авторски хонорари?

Заев може и мора подобро
Конечно, да се обидам да одговорам и на прашањето за кое најмногу сум напаѓан – каква е врска на Заев со ликовите вмешани во аферата „Рекет“?

Освен што бил должен да наложи службите да му обезбедат навремена информација за тоа кој е ликот со кој неговата влада и неговите градоначалници склучувале меморандуми за соработка, Заев можел да ја искористи приватната релација и честите дружби на свои најблиски роднини со Зоран Милевски – Кичеец, добар пријател на Бојан Јовановски, за уште подетално да се информира за бекграундот на „кралот“. На крајот на краиштата, многу новинари и голем дел од јавноста одамна беа запознаени со контроверзиите што го следат овој лик.

Извинете, ама навистина е тешко да се замисли дека само Зоран Заев ништо не знаел и баш во ништо не се посомневал, а разговарал со човек што не поседува ни трансакциска сметка?!
Освен тоа, Заев морал да се информира (а ако пропуштил, сѐ уште има време да го стори тоа) и за бекграундот на Јасна Мандиќ, клучната соработничка на осомничениот Јовановски. Повторно ќе нагласам, не инсинуирам во тој поглед ништо во врска со неа, но пожелно е премиерот да знае нешто повеќе за луѓето со кои соработува – кои се, од каде потекнуваат, што правеле во минатото и што прават сега. Заев пред извесно време самиот кажа дека разговарал со битолската градоначалничка Наташа Петровска. Значи, знаел за случајот со ГП „Пелистер“. Знаел за оној фантастичен хонорар од 720.000 евра. Заев морал да се распраша која друга идеја кај нас досега била хонорирана со ваква неверојатна сума. А бидејќи и самиот доаѓа од бизнисот, сигурно знае дека услуги не може да се плаќаат вака, со „хонорари“. Морал да претпостави дека тука веднаш има работа за финансиската полиција.
Јас сфаќам дека Заев, Шеќеринска и Ременски не се полицајци, обвинители, истражители и судии. Точно, не е нивна работа да сомничат, да истражуваат, да обвинуваат, да судат. Никој тоа не го бара од нив.

Но, ако веќе и угледни правници, а не само новинари, предупредуваат дека истрагата мора да се прошири и дека не може работата да се сведе на Боки и на Кичеец, тогаш од клучните политички актери, кои на некој начин биле поврзани со главните ликови на оваа непријатна сапуница, навистина се очекува многу погласно и појасно да се залагаат истрагата да биде длабинска и ефикасна. Вака, во јавноста се создаде впечаток дека некој ја забавува и ја дефокусира истрагата, а негативните поени од тој впечаток секако одат на контото на власта.

Некој на Фејсбук направи споредба меѓу овој скандал и аферата „ТАТ“.

Споредбата е апсолутно неодржлива (различни настани, различни шеми и многу други разлики), освен во еден битен аспект – еден сериозен политичар мора да знае дека импактот на една афера не го определува само нејзината реална тежина, изразена во сума на лапнати пари или во број на измамени граѓани, на пример, туку и атрактивноста на приказната. За жал, во овој скандал имаме најмалку еден лик, тој чудесен „крал“ Боки, со потенцијал и истренираност ова ријалити шоу да го држи во етерот со месеци и на скандалот да му дава тежина каква што тој можеби објективно ја нема. Тоа е дел од „талентот“ на овој шоумен.
Секој обид за заташкување на скандалот сега ќе наликува на неуспешниот обид на Бранко Црвенковски со силна реторика да го затвори скандалот „ТАТ“. Патем, Црвенковски тогаш баш и немаше избор, пред неговите очи незапирливо се распаѓаа една финансиска пирамида и една влада. Заев сѐ уште има избор, а вистинскиот избор е овој скандал да го затвори со енергично поттикнување на целосна и ефикасна истрага, без оглед за кого станува збор, така како што ни порача Палмер и така како што премиерот вчера ни вети во обраќањето до јавноста. Кон ова секако мора да се придодаде и искрена самокритика на власта за невниманието и лекомисленоста при одлуката да соработува со една ваква опасна дружина и да го јакне нејзиниот имиџ во јавноста.
Времето лета. Се ближат избори. Не е паметно Заев и СДСМ во изборната година да влезат со ваква опашка зад себе. Не треба да ве потсетувам што се случи по аферата „ТАТ“, нели?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Клучни ќе бидат сведочењата на осомничените Јанева и Јовановски, но и на сведокот Зоран Милевски Кичеец, кое може да биде дури и пресвртно.

ГЕРОСКИ: Зоран Заев и Вице, не се идиоти или будали, но сега тие се понервозни и од Камчев

Од претходните изјави и од сведочењето на Камчев, веќе знаеме дека тој случајот „Империја“...

Сеедно е што ниедна од нашиве жртви нема доказ за злоупотребите на некои од тие политичари, за нивното делување, за навистина криминално дејствие.

СЕКУЛОВСКА: КАМЧЕВ е жртва на самиот себе, а најмногу на сопствениот ЖИВОТ

Една лажна Луј Витон чанта, доволно голема за да прими некој милион евра, во ситно, по...

Не сум ниту во бизнис со љубов па да го сакам овој или оној, или оваа или онаа група, партија, држава. Во бизнис со љубов се истите погоре, односно навивачите, плус сексуалните работници.

МИЛЕНКО: ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, ЗАЕВ ќе биде прегазен па ЗАТВОРЕН

Уште еднаш, по милионити пат, да кажам дека јас сум во бизнисот со вистинито информирање...