Ти самиот јавно призна дека нелегално си набавил психотропна супстанца, масло од канабис. Не со рецепт, не во аптека. Тоа не е дозволено и од тебе се очекува да го кажеш името на трговецот.

Објавил: Сара Фемина | 15 мај, 2019 22:44

ГЕРОСКИ: ПАВЛЕ, СРАМ ДА ТИ Е – се обрука другар Павле !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Уредникот и новинар на весникот Слободен Печат Бранко Героски, тврди дека пратеникот Павле Богоевски треба да се засрами за нелегалното набавување на психотропна супстанца, масло од канабис и веднаш да си поднесе неотповиклива оставка на местото пратеник

Бранко Героски напиша дека какви и да му биле намерите (најблагордни дури нека биле), се обрукал. Тој смета дека Павле Богоевски со самото тоа што јавно признал дека нелегално набавил, наводно, масло од канабис, треба да сноси голема одговорност. 

– А не, не со тие куршуми, другар Павле…

Ти самиот јавно призна дека нелегално си набавил психотропна супстанца, масло од канабис. Не со рецепт, не во аптека. Тоа не е дозволено и од тебе се очекува да го кажеш името на трговецот. Најмалку тоа.
За политичката одговорност не сакам ни да те потсетувам – во земја која ја легализираше медицинската употреба на канабисот, човек што носи голема општествена одговорност како пратеник избран од народот, знае што треба да стори. Уште вечерва. Без одлагање.

Што се однесува до снимањето, точно е дека тој што те снимал сторил кривично дело и дека нелегално прибавената снимка не може да биде доказ во некоја идна кривична постапка. Но, твоето јавно признание е легален доказ. На полицијата и на обвинителот им отвори работа.
Какви и да ти биле намерите (најблагордни дури нека биле), се обрука, другар Павле. Пред сите што гласаа за тебе и за листата на која беше избран. Срам да ти е! – напиша Бранко Героски на Фејсбук профилот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Браќа, сестри и сите оние кои во изминативе триесетина години поттиснати од потребата, притиснати од тешкотијата со по една торба на рамо заминавте на сите страни по белиот свет.

Михаилов за дијаспората: Вие сте моите херои, не за Тамара, туку зашто сами се изборивте во белиот свет!

Потсекретарот на ВМРО-ДПМНЕ Кире Михаилов се огласи на Фејсбук откако голем дел од...

Не ми влегува во глава дека уредник на национална телевизија побара „бришење“ од државјанство со одземање на право на глас на други граѓани со кои таа не споделува, замислете, мислење во врска со музика!

БОЈАЏИ: Оној настан од синоќа, сите се сложуваме беше „само една обична парада на кичот!

„Боже Господе, колку се мразиме? Не ми се верува до кај сме стасале, а не сме уште ниту...

Годишно, Македонската дијаспора во Македонија испраќа околу една ипол милијарда евра, односн околу 18% од бруто домашниот производ.

Директорот на Зоолошката ги нарече иселениците “ГНАСИ” и порача никогаш да не се вратат дома!

Шефот на изборната кампања на Стево Пендаровски и директор на Зooлошката градина во...