-Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 август, 2019 11:08

ГЕРОСКИ: “Политичар што тужи новинари МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев, вицепремиерката Радмила Шеќеринска вчера најавија тужби до новинари кои ги инволвираат за вмешаност во случајот „Рекет“. Тие побараа извинување од медиумите или во спротивно ќе поднесат тужби.

Новинарот Бранко Героски реагираше на социјалните мрежи и напиша дека според Њутнов закон во политиката, на политичар што тужи новинар му се ближи крајот.

Премиерот Зоран Заев, вчера во Прилеп за пуштањето во употреба на еко-автобусите во градскиот превоз, одговарајќи на новинарско прашање да го коментира објавеното во некои медиуми каде во записник се споменуваат тој и високи државни функционери дека ги предупредувале осомничените во „Рекет“, рече дека се е лага и голема манипулација.

Њутов закон во политиката, на политичар што тужи новинар му се ближи крајот, пишува Бранко Героски!

Заев најави тужба за клевета до сите новинари и медиуми кои го инволвираат за вмешаност во аферата “Рекет„

-Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано. Второ, секако дека ќе тужиме, зашто тоа не е точно. Неколку пати, јас отфрлав каква било поврзаност со Боки 13, Бојан Јованоски, врзана со случајот „Рекет“ и до ден-денеска стојам на тие ставови.

Апсолутно е обврска на Обвинителството да објави јавно дали тоа така е кажано. Како што видов рано изутрината објавена е само една страница од записникот, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација. Секогаш сакам да ги охрабрам новинарите да истражуваат, да доловат сѐ што е важно за јавноста, но да прават манипулации, за тоа има одговорност.

Јас лично, а верувам заедно со мене Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Фросина Ременски, сите што сме споменати. Ќе ги повикам заедно со мене да поднесат тужба за клевета и таму да ги отвориме документите и на јавноста да ѝ докажеме дека лаже новинарот кој го лиферува ваквиот запис, рече Заев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...

Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани. Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец. Два дена имаме целосен молк од  Зоран Заев и Вице Заев.

“Два дена молк од Зоран Заев и Вице Заев- бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“

Прес конференцијата денеска е продолжение на вондредната прес конференција пред два...

Таа сведочеше за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро и рече дека дел од информациите кои пристигнале до неа биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

Јанкуловска сведочи за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка биле причина за убиството?

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска сведочеше...