![](https://www.magazin.mk/wp-content/uploads/2019/05/Branko-Geroski.jpg)
Македонија
Вести
Новинарот и уредник на порталот Плус Инфо, Бранко Героски со ОТВОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО.
![](https://i0.wp.com/www.magazin.mk/wp-content/uploads/2019/11/44930449_1878644882257198_1550752368046374912_o.jpg?resize=480%2C480&ssl=1)
Пред повеќе од еден месец, по совет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со посредство на љубезниот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во соодветната служба на МВР, пријавив физичко следење од страна на неовластено лице, напиша Героски на својот Фејсбук профил.
Спомнатото лице извршило физичко следење меѓу мене и министер во актуелната влада, следење за коешто спомнатиот министер лично ме извести, а на мое барање, тоа го потврдил и во разговор со министерот Спасовски. Морам да кажам дека соодветната служба на МВР многу брзо и крајно коректно состави служена белешка за настанот (што ја потпишав), која е проследена до Јавното обвинителство.
За жал, до овој момент немам никакво известување дали Јавното обвинитеоство постапувало по службената белешка и дали некој извршил било какви дејствија да се истражи случајот. Сметам дека како засегнат, имам право да бидам известен за тоа.
Затоа, очекувам најдоцна до среда, 20 ноември, до пладне, Јавното обвинитеоство да ја извести јавноста што се случува во врска со оваа службена белешка и дали по негов налог истражните органи го расветлуваат случајот. Доколку тоа не се случи, ќе бидам принуден, со напис на порталот Плусинфо, јас лично детално да ја информирам јавноста за настанот.
Нема заборавање, нема простување!
Значи, се читаме најдоцна в среда на пладне. Се надевам со официјална информација од ОЈО. А и без неа, секако се читаме.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.