Јавноста има право да ги слушне и сведочењата на нападнатите и тепани Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, а не само верзијата на затворската управа.

Објавил: Македонка Димкин | 21 февруари, 2019 23:18

Героски со остри критики: Независна комисија да ги истражи двете тепања во затворот во Шутка!

Фото/Текст извор: ©плусиинфо.мк

Бранко Героски кој важи како близок одработувач на актуелната  власт во порталот плусинфо.мк остро ја искритикува власта а не остана покус ниту кон  неговите досегашни колеги и новинари кои до скоро беа на иста линија со него. Јавноста има право да ги слушне и сведочењата на нападнатите и тепани Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, а не само верзијата на затворската управа. Мора да се направи  Независна комисија за  да ги истражи двете тепања во затворот во Шутка, пишува во порталот плусинфо Бранко Героски.

Откако се огласив со протестна колумна против линчот врз притворениците Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во затворот во Шутка, дел од моите колеги и ФБ пријатели (хејтерите не ги есапам), наместо да се обидат да дознаат што навистина се случило, се приклонија кон официјалното соопштение на затворската управа и остро ме нападнаа пишува новинарот Героски

» Не ме чуди тоа. Напротив. Тоа е таа атмосфера на линч за која пишувам и која систематски се креира во некои медиуми со месеци, наместо да се поддржат судските процедури коишто обезбедуваат рамноправност на странките во судските постапки, квалитетни доказни постапки и правични пресуди.

» Вечерва се потрудив да обезбедам дополнителни информации за настаните во затворот во Шутка, од повеќе извори. Имајќи ги предвид и досега изнесените официјални информации, ова се петте факти за кои сметам дека се неспорни:

Јанакиески и Ристовски биле нападнати и тепани во затворот Шутка. Јанакиевски тоа лично му го потврдил  на својот адвокат. Поради страв дека има потешка повреда (скршеница), Јанакиески бил однесен во болница. Во 8 септември не биле констатирани телесни повреди, што е среќна околност и добра вест, но сепак  на неговото тело имало видливи траги од тепањето.  Спиро Ристовски пак  на лицето имал видливи траги од нападите. Сепак МВР и власта ќутат

Прво, Јанакиески и Ристовски биле нападнати и тепани. За првиот имам информација дека тоа лично му го потврдил на својот адвокат. Поради страв дека има потешка повреда (скршеница), Јанакиески бил однесен во болница. Точно е дека во болница не биле констатирани телесни повреди, што е среќна околност и добра вест, но точно е и тоа дека на неговото тело имало видливи траги од тепањето.

Второ, има информации дека Спиро Ристовски на лицето имал видливи траги од ќотекот.

Трето, затворските власти во Шутка уште вечерва можат многу едноставно и уверливо да ги демантираат овие наводи, објавувајќи фотографии од двајцата притвореници (од нивните тела и лица), како и нивни изјави за тоа што навистина се случило. Ние ја слушнавме верзијата на затворската управа, па ред е да слушнеме што велат нападнатите. Audiatur et altera pars!

Четврто, информациите и полуинформациите за напаѓачите, како и за околностите на нападите, сѐ уште се во доменот на шпекулациите. За да се расчистат дилемите, најпогодно е Министерството за правда да формира независна комисија што ќе го истражи случајот, а во комисијата задолжително да има и претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Нека биде фер.

И петто, затворските власти во секоја од установите од ваков вид, во секоја цивилизирана земја, мора да обезбедат апсолутна безбедност за секој затвореник или притвореник. Тепањето какво што се случило, не е дозволено, а во затворски услови, тоа не може поинаку да се нарече освен како линч. Овој линч, за среќа, минал без потешки последици. Но, управата на затворот во Шутка ѝ должи јавноста уверлив одговор зошто не успеала благовремено да ги спречи инцидентите. Дотолку повеќе што според официјалното соопштение на самата управа, меѓу двата инцидента (тепања) минало доста време, безмалку два часа, па управата можела да направи проценка на ризикот и со засилена контрола и внимание да го спречи барем вториот инцидент.

Повеќе од авторот Героски и целата вест можете да ја прочитате овде

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...