На средбата Кирацовски ми кажа и неколку други интересни работи, но јас се надевам дека истите нешта тој денеска и ги кажал и на обвинителката Вилма Русковска.

Објавил: Сара Фемина | 5 септември, 2019 15:10

ГЕРОСКИ ШОКИРА: „Кирацовски ми призна дека организирал состанок помеѓу Боки 13 и Силјан Мицевски„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Точна е дека со Александар Кирацовски се сретнавме во почетокот на август годинава и точно е дека во таа прилика му реков дека веројатно сум направил фаул кон него во моите написи за аферата “Рекет”, пишува на социјалните мрежи новинарот Бранко Героски.

ЗА КИРАЦОВСКИ И ЗА ФАУЛИТЕ

Точна е дека со Александар Кирацовски се сретнавме во почетокот на август годинава и точно е дека во таа прилика му реков дека веројатно сум направил фаул кон него во моите написи за аферата “Рекет”.

Во една колумна подоцна објаснив дека улогата на Кирацовски во аферата се состои во активности кои овозможиле рекетарската група да ги лови своите жртви или потенцијални соработници. И тоа Кирацовски го правел во својство на генерален секретар на СДСМ. Што, пак, не мора да значи дека и самиот учествувал во рекетирањето.

И јас ќе бидам индискретен и ќе кажам што мене ми кажа Кирацовски на таа средба, до која дојде на негово инсистирање, откако во текот на јули неколку пати упорно ме бараше и ме молеше јавно да соопштам дека тој не бил Кики. Имено, на таа средба Кирацовски ми призна дека посредувал во организирањето на состанокот помеѓу осомничениот Бојан Јованоски, бизнисменот Силјан Мицевски и битолската градоначалничка Наташа Петровска. Како што е познато, на таа средба, како и со два дописа до неа, е вршен притисок Петровска да одобри пренамена на парцела на Мицевски за изградба на хотел (демек, старски дом), без измена на Деталниот урбанистички план.

“Моја задача, како генерален секретар на СДСМ, беше да ги спојувам луѓето. Освен тоа, јас сум личен пријател со Силјан Мицевски”, ми рече Кирацовски. Ете баш со тие зборови.

На средбата Кирацовски ми кажа и неколку други интересни работи, но јас се надевам дека истите нешта тој денеска и ги кажал и на обвинителката Вилма Русковска.

Да не ги прераскажувам сега јавно. Ако се наложи потреба, се разбира, може и тоа…
Според моето мислење, Кирацовски, Фросина Ременски и повеќе други видни личности од СДСМ сносат директна политичка одговорност за еден многу сериозен фаул – за фацилитацијата на рекетарските активности на осомничените, со пружање политичка, морална, но и логистичка поддршка.

А истрагата допрва треба да покаже дали кај некои од овие лица има и повеќе од тоа, имено и директна кривична одговорност.

(Фејсбук статус на Бранко Героски)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Овој карневал годишно носи бројни туристи кои со нетрпение очекуваат да присуствуваат на големиот италијански спектакл, сепак, поради големиот број заболени и двете починати лица од новиот вирус, сите настани се откажани и тоа најмалку една недела.

Поради ширење на коронавирусот откажан карневалот во Венеција

Италијанските власти, денеска донесоа одлука да го откажат напознатиот карневал во...

Православната црква неговиот ден го чествува на 10 февруари.Народот верувал дека св. Харалампиј е заштитник од чумата која ја соборил и победил, а тоа, всушност, бил ѓаволот олицетворен во чума, како што се верувало во Охрид.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска се слави Харалампиј – светецот кој е чувар од болести

Свети Харалампиј е христијански светец и маченик од 3 век. Oвoј свeтитeл бил eпискoп...

Дроновите освен во полициската работа биле користени и во операции како онаа со случувањата во кумановско Диво Насеље.

Оливер Спасовски призејмил безпилотни летала важни за одбраната на Македонија

Регионалните медиуми деновиве излегоа со информации за приземјување на полициските...