–Најкомична е вашата намера да го ограничите времето на одржување на јавните собири од 6 часот наутро до 23 часот навечер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 ноември, 2019 10:22

ГЕРОСКИ: Што е, другарчиња, цвикате од протестни собири, ќе воведете полициски час?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот Бранко Героски реагира на најавата на властите да воведат, како што вели, тоталитаристички законски ограничувања на уставното право на „слободно собирање“ иако членот 21 од Уставот вели дека „Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба“.

Нова колумна на новинарот Бранко Героски

–Најкомична е вашата намера да го ограничите времето на одржување на јавните собири од 6 часот наутро до 23 часот навечер.

Луѓе, па вие тотално сте се мрднале од умот!

Не е далеку денот кога во име на ‘одбраната од нападите врз демокртијата’ ќе воведете полициски час. Во 23 часот од уличните разгласи ќе се свири повечерје (може некоја пријатна мелодија, како „Сите спијат, а ние сме сами“, на пример), а на улиците ќе можат да се движат само одбрани лица, со аусвајс.
Е, другарки и другарчиња, ви омекнале газињата во фотелјите во „органите на државната власт на Република Северна Македонија“, па сте заборавиле кога против режимот на Груевски се боревме на протестните собири на Отпорот, на улиците и на крстосниците, на мостовите. Сте заборавиле кога ја пеевме „О бела чао“ до долго во ноќта.
Веќе не се сеќавате на протестните собири на „Шарената револуција“, на маршевите по виталните сообраќајници, на деноноќните кампови пред Владата и пред Собранието. Груевски беше лош, ни праќаше полицајци, ни фрлаа шок бомби, ќе паднеше овде-онде и и по некој пендрек, но фер е да се каже дека на сатрапот сепак не му падна на ум да ги ограничи јавните собири со вакви безумни законски решенија.
Ау, па вие сте станале полоши од него!!!

Со овој идиотизам, само ги покажувате сопствените слабости, несигурноста и стравот од претстојните парламентарни избори. Кој и да ве убедил да ги смислите овие нови законски ограничувања, па уште и да ги шлапнете на хартија, буквално од земја ве акнал. А бидејќи вие тоа не го разбирате (оти, како што утврдив повеќе пати, едноставно толку ви сече), вие ништо друго и не заслужувате. Леле во што се претворивте, мене срам ме фаќа“!. пишува Героски во колуммна за „Плусинфо“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Не сум ниту во бизнис со љубов па да го сакам овој или оној, или оваа или онаа група, партија, држава. Во бизнис со љубов се истите погоре, односно навивачите, плус сексуалните работници.

МИЛЕНКО: ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, ЗАЕВ ќе биде прегазен па ЗАТВОРЕН

Уште еднаш, по милионити пат, да кажам дека јас сум во бизнисот со вистинито информирање...

Навивачките страсти со кои сега се напаѓаат уставните судии – овој пат навистина безобразно до коска, уште пред да донесат било каква одлука!

ГЕРОСКИ: Од оваа држава нема да биде ништо – Кој сака на судиите да им пресуди по „кратка постапка“?

Хајката што се води во јавноста против судиите на Уставниот суд, кои в среда ќе одлучуваат...

Математиката на Заев вели дека е подобро тој да го преземе нападот и божем тој контролирано да ја отштрафува “бомбата” против него отколку да остави на случајност па некој друг да му ја експлодира во фаца директ.

КАРАКАМИШЕВА: На Македонија и треба НОВА, неискомпромитирана ПОЛИТИЧКА КРВ

Се знае дека игра големата мечка пред вратата на Заев и неговите пајташи кога токму...

Анѓушев, откако го дуплираше богатството и профитот на своите фирми преку функцијата уште сега најавува дека во јануари ја напушта владата.

ЛАТАС: Паниката на ЗАЕВ е голема – УШТЕ ПО ЕДНА ПИЈАЧКА, ПА ФАЈРОНТ

И бизнисот со марихуана пропадна. Фамилијата и чираците вложиле 3,5 милиони евра, а заработиле...