Имам впечаток дека гледајќи во дворот на противникот, СДСМ ја занемарува опасноста од предизборен распад на својата коалиција.

Објавил: Перо Милчин | 5 октомври, 2019 22:17

ГЕРОСКИ: „Ја известувам јавноста дека во овој момент против мене се употребуваат мерки на следење, известив амбасади и функционери”

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Македонија е длабоко потоната во разочараност и во политичка апатија. Последните анкети на јавното мислење, покрај драматично зголемената недоверба во институциите, во политичарите и во државата воопшто, ги потврдија проценките дека сегашниот потенцијал за излезност на следните парламентарни избори е под 30 отсто, пишува во најновата колумна новинарот Бранко Героски!

Бипартизмот е во претсмртна агонија. Со таква излезност, двете најголеми политички партии во земјава не можат да се надеваат дека ќе постигнат резултати со кои ќе можат да формираат легитимна и функционална влада.

Тоа е вистинската причина поради која СДСМ ја покрена кампањата „На прав пат“. Веројатно некој ќе се сети дека во мојата колумна под наслов „Граѓаните раскарани, мафијата обединета, а другарчињата ќе терале кампања!?“, јас уште пред две недели ја најавив оваа кампања. Тогаш нагласив дека намерата граѓаните да се убедат на животот да погледнат низ розови очила е бесмислена.

Исто така, предупредив дека дел од таа пропагандна акција на власта ќе биде обидот за континуирана дифамација и за систематско поткопување на кредибилитетот на личности од јавниот живот, за кои се смета дека со своите критики на владата на Заев придонесуваат за драстичниот пад на нејзината популарност. Таа акција сега е во полн ек, недоквакани денунцијанти и некадарници шират лажни вести и говор на омраза во медиумите кои сѐ поотворено се декларираат како „перјаници на СДСМ“, а кампањата вирално се шири и на социјалните мрежи.

Според моите очекувања, јас сум на таа листа за отстрел на „непријателите“ на новата власт. Ја известувам јавноста дека во овој момент против мене се употребуваат и мерки на следење, за што веќе известив надлежни функционери, претставници на две новинарски здруженија и претставници на три амбасади на влијателни земји членки на НАТО. Токму денеска дојдов и до првиот материјален доказ за таа шпионска активност, за што ќе известам кого треба уште во текот на утрешниот ден. За ова, засега толку. Повеќе откако ќе го добиеме толку очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Слабостите на политичкото клонирање
Многу поважно е што дел од акцијата на власта е и обидот да се разгорат конфликтите во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со цел да дојде до отцепување на една фракција во посебна политичка партија, наречена Македонски концепт. На чело на таа фракција, како што е познато, пропагандата на СДСМ би сакала да го види успешниот кавадаречки градоначалник Митко Јанчев, заедно со Никола Тодоров, со поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски, а можеби и со сегашниот – Никола Димитров. Тројца Николовци во еден пакет, дали е тоа можно?
Формирањето политички клонови на ВМРО-ДПМНЕ е дел од традицијата на оваа партија во деведесеттите години.

Прескромните резултати на партиите клонови на изборите можат да се објаснат со ограничувањата на процесот на политичко колонирање како таков. Проблемот произлегува од фактот што политичките клонови преземаат дел од членовите, симпатизерите и од гласачите на матичната партија, со тоа објективно ѝ нанесуваат политичка штета, но за себе не прават ништо добро, бидејќи политичкиот профит оди главно на контото на главниот политички конкурент, СДСМ. Дури ни една маркантна политичка фигура, каква што беше Љубчо Георгиевски, со својата ВМРО – Народна партија, не успеа да се наметне како политички фактор кој ќе го загрози бипартизмот.

Мојот впечаток е дека агилниот Митко Јанчев, иако без доволно политичко искуство поради својата младост, инстинктивно чувствува дека мора да биде претпазлив во најавите и дека претходно мора добро да ги извага шансите за успех на новата партија што би била формирана, а во која тој би бил водечката фигура, во споредба со можностите оваа фракција сепак да најде заеднички јазик со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Причина повеќе за тоа е одличниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ на последните претседателски избори, што навестува и успех на парламентарните избори. Не е случајно тоа што во своето последно интервју за порталот Фактор, Јанчев прво зборува за „вразумување“ и за „соединување“ во својата матична партија, а дури потоа за можноста за формирање нова партија. Извесно е дека многу скоро лидерот Христијан Мицкоски експлицитно ќе го прифати Преспанскиот договор како непобитен „правен факт“ (како што тоа го стори Гордана Силјановска Давкова во претседателската кампања) и дека уште поекслицитно ќе се дистанцира од груевизмот, со што „реформаторите“ ќе ја изгубат основата на својот бунтовнички наротив.

СДСМ, пак, нема традиција на политичко клонирање од ваков вид, но има историја на претворање на своите традиционални политички сојузници во класични политички сателити, кои во политичките пазарења, посебно по последните избори од 2016 година, секогаш добиваат помалку од новите сомнителни партнери, неопходни за да се создаде политичко мнозинство. НСДП на Тито Петковски, на пример, денес речиси и да не постои, а слушам дека никој не сакал да се пријави за лидер на партијата. А како и да биде поинаку, кога ДОМ на Лиле Поповска, на пример, или Амди Бајрам, добија повеќе концесии од традиционалните партнери на СДСМ, вклучувајќи ја тука и Либерално-демократската партија на младиот Горан Милевски? Посебна приказна се грдите предавства и измами на лидерите на сојузничките партии на етничките малцинства, при што Заев отфрли неколку докажани сојузници, за да се пазари со некои нови, крајно спорни ликови.

Имам впечаток дека гледајќи во дворот на противникот, СДСМ ја занемарува опасноста од предизборен распад на својата коалиција. Освен тоа, веќе долго време се занемарува и револтот на многу поранешни истакнати членови, активисти, пратеници и функционери на СДСМ, кои настрадаа во битката против „бранковизмот“. Конечно, Заев ја потценува и опасноста во погодни околности, при евентуална криза во партијата, на вонреден или редовен изборен конгрес да биде сериозно предизвикан и од кандидати за лидерската позиција од своето опкружување. Забележувам повеќе луѓе од сегашното раководство кои не се лично засегнати од актуелните девастирачки корупциски скандали што ја тресат власта, луѓе што вредно работат и си го подобруваат сопствениот имиџ, па се прашувам – има ли некој од овие луѓе лидерски амбиции? А зошто би немал? Зошто не во партија во која лидерот буквално од ракав „кооптира“ дури и партиски потпретседатели?
Нови партии, нови идеи, нови личности
Нејсе, да дојдеме и до клучната теза на оваа анализа. Значи, да, во Македонија се создадени идеални услови за појава на нови политички формации, слично како и во 1998 година, кога Васил Тупурковски ја создаде Демократска алтернатива, освои тогаш фантастични 120.000 гласови и се наметна како партнер на ВМРО-ДПМНЕ во поделбата на извршната власт. Во политиката празен простор не постои. Од друга страна, не, не постои сериозен потенцијал т.н. трета опција да се создаде од разочарани, „бунтовни“ или „реформаторски“ фракции во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ. Дури од нив и да се создадат нови политички партии, тие нема да го пополнат сега празниот простор, туку ќе грабаат од матичните партии и ќе им нанесуваат штети, веројатно не преголеми.
Како тогаш ќе се роди политичката алтернатива? На два начина.
Првиот начин е формирањето нови политички партии, од страна на луѓе кои не се членови на двете големи партии. Не мора тоа да се апсолутни почетници во политиката – и не треба, нека простат младите, но неисукството сепак не е предност – важно е тоа да се луѓе кои во последната деценија и половина, за време на режимот на Груевски и во време на мандатот на новата власт, не биле политички експонирани и така и искомпромитирани. Ете, веќе се појави првата таква партија, под името Твоја партија и во неа, покрај адвокатот Александар Тортевски, се и актерката и активистка Ирена Ристиќ, професорката Мирјана Најчевска и други видни јавни личности. Јас лично ја поздравувам појавата на партијата на Тортевски и веднаш ѝ нудам простор за јавна промоција на нејзините програмски определби. Очекувам во скора иднина да се појават уште партии, кои ќе ја зголемат понудата на политички идеи и концепти, како и понудата на нови ликови во македонската политика. Сесрдно ќе го поддржам тој процес на освежување на јавната политичка сцена, зачмаена во безидејност и задушена од простачки популизам.
Вториот начин за збогатување на политичката сцена со алтернативни формации е можноста дел од политичките сателити на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат, да ги откажат сојузништвата од кои сега немаат никаков посериозен ќар и да се обидат да се наметнат како самостојни политички претенденти, со сопствени програмски и идеолошки идентитети. Тоа беше невозможно во 2011 година, кога ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вршеа силна мобилизација на своето членство, не оставајќи празен простор за алтернативата. Тоа беше невозможно и во 2014 година, кога натпреварот беше изборна кланица, по што СДСМ го бојкотираше парламентот. Тоа не беше можно ни во 2016 година, кога Заев и СДСМ ги мобилизираа сите политички сојузници и целиот граѓански сектор, во пресудната револуционерна битка против груевизмот. Но, тоа ќе биде возможно сега, на изборите во 2020 година. Возможно и нужно, бидејќи потенцијалот на двете водечки македонски политички партии да ги совладаат недовербата на граѓаните и политичката апатија е сведен практично на нула.
За почеток, типувам на ЛДП. И покрај некои внатрешни судири, оваа партијата има идеална шанса да ја напушти орбитата во која бесцелно кружи околу СДСМ, да се екипира со искусни волци, но и со млади девојки и момци, идни ѕвезди на македонската политика, идеолошки да ја редефинира својата позиција во политичкиот центар, да подготви радикално нова и привлечна предизборна програма, да се ребрендира и да тргне во битка за освојување на симпатиите на избирачите. Потребно е само либералдемократите да престанат да играат „на ситно“ и да ја видат големата слика. При тоа, да бидам јасен, не ја исклучувам можноста и некои други политички партии да ни приредат такви изненадувања. Напротив.
Наместо бипартизам, што поголема партиципативност
Какви се шансите на алтернативците при ваков изборен модел?

Многумина велат дека изборниот модел е фатално ограничување за новите партии и за независните кандидати. Тоа не е точно. И јас, како и многу други, предивидувам дека големите партии нема да го менуваат сегашниот модел, за да ги задржат предностите на бипартизмот. Сепак, можно е ВМРО-ДПМНЕ да изненади и порешително да се приклони кон идејата за изборна реформа. Но, дури и тоа да не се случи, дури и без изборна реформа, политичкатата алтернатива ќе има голема шанса на следните избори. Во таков случај, новите партии, се надевам, ќе ја препознаат потребата да направат сојуз (или сојузи) и со здружени сили да освојат што повеќе гласови, за конечно да му зададат силен удар на бипаризмот.
Во таа смисла, интересен е примерот од последните избори во Шпанија, во април годинава. После изборите, традиционалниот бипартизам во оваа земја престана да постои, а појавата на алтернативни политички странки, лево и десно во политичкиот спектар, придонесе излезноста на изборите да биде огромни 75,7 отсто.

Се разбира, збогатувањето на политичката сцена ја усложнува поличката игра, а тоа предизвикува тешкотии да се обезбеди стабилна извршна власт. Но, ајде да се прашаме – дали бипартизмот обезбеди стабилно и реформско владеење во Македонија? Не. Според тоа, клучот е во тоа да се обезбеди што поголема партиципативност на граѓаните во политиката, а тоа двете големи политички партии, за жал, сега не можат да го обезбедат.
Затоа, предвидувам дека политичката алтернатива ќе се појави на македонската политичка сцена и таа опасно ќе ве погоди, другарчиња! Кај многумина од вас тоа ќе предизвика нервоза. Но, за Македонија тоа секако ќе биде добра вест.

Како што напишав неодамна, преговарите меѓу Македонија и ЕУ ќе придонесат за поставување нови стандарди за политичко поведение, од кои ќе се водат новите политички елити, новите лидери на промените. Актуелните политички гарнитури, искомпромитирани и истрошени во меѓусебните непродуктивни политички кавги, не се способни да се носат со предизвикот. Секоја чест на досегашните борци и за нивните напори, какви и да беа нивните „каузи“ и „добри причини“, но доаѓа време кога нови, способни, реализирани и посветени луѓе мора да се вклучат во водењето на државата кон подобра иднина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Како вчера, кога сфативте дека го губите датумот за преговори со ЕУ, вашиот влог во играта во која инфантилно заигравте „ол ин“ и потоа завршивте „ол аут“.

ЧУКНЕТЕ ГИ ГЛАВИТЕ: “Вчера го изгубивте датумот, а утре, ако не ви дојде умот, ќе ја изгубите и власта”

Цели три години, другарчиња, ве критикувам и ви укажувам дека не сте баш на прав пат....

Неофицијално дознавам дека има луѓе во Собранието, од владејачкото мнозинство, кои се со намера законот итно да го вратат во Владата.

Решавај ти Европо за датумот, важно ние да си донесеме закон за дроги – и тоа со европско знаменце!

Ја знаете онаа народната – село гори, баба се чешла? Е нашава баба баш и не се чешла,...

И, тука би ја затвориле историската читанка и потсетување на чистите факти. Заклучок е дека за државата Македонија се бореле, заедно, и комунисти, и социјалисти и вмровци

ЛАТАС: “ЗОРАН ЗАЕВ со пенкало, избриша сопствена нација, историја и држава”

Еве, деновиве вадиме десет месеци од погребувањето на Македонија, на 11 јануари со колективно...