Героски ја разобличи Фатиме Фетаи

Објавил: Узунов Бобан | 19 септември, 2019 7:56

ГЕРОСКИ ЈА РАЗОБЛИЧИ ФАТИМЕ ФЕТАИ: Позерка која наместо бесмислени бомби во судница да го пушта Аца Лукас !!

Фото/Текст извор: ©plusinfo.mk/магазин

Четири часа и 25 „бомби“ емитувани во судница ѝ беа потребни на обвинителката Фетаи да ги разочара најблиските на жртвите на петкратното убиство кај Смилково Езеро и да докаже зошто мисијата на СЈО заврши во „трговија со влијание“ со нелегално прислушуваните разговори. Ако нема цврсти докази или парадокази, на Фетаи ѝ предлагам на следното рочиште да пушти две нумери од Аца Лукас и да нѐ ослободи од својата бесмислена поза „борбата за правда продолжува“. Никој во тоа веќе не верува-пишува Героски.

Ние долго ги очекувавме овие бомби, затоа што беа долго најавувани како бум. Но, ништо суштинско нема во бомбите“. Ова го изјави правната застапничка на родителите на убиените деца кај Смилковско Езеро, во неразјаснетиот крвав пир на 12 април 2012 година, што вечно ќе се памети. Македонија на семејствата на жртвите им должи одговор на најважното прашање – кој и зошто ги уби нивните најмили. И долгот сѐ уште не е исполнет.

За жал, таа сложена, тешка и одговорна задача ја презеде Специјалното јавно обвинителство, а обвинението во случајот „Монструм“ го застапува некогаш ултрапопуларната Фатиме Фетаи, чија ѕвезда сега бледнее по распадот на СЈО како последица на аферата „Рекет“. На последното рочиште, во судницата беа емитувани 25 „бомби“. Прочитав дека Фетаи со себе донела и 130.000 смс-пораки и транскрипти. А во ниту еден од објавените нелегално прислушувани разговори го нема одговорот на прашањето кој е сторителот на петкратното убиство и која е причината за ова злосторство. Цели четири часа бомбашко шоу, а ниту еден детал што навестува барем доближување до вистината.

Да, точно е тоа дека бомбите покажаа како водечките луѓе од власта во периодот после трагедијата и за време на судењата се обидувале да влијаат врз процесот и да ги менаџираат политичките последици. Меѓу другите, во разговорите се слушнаа и гласовите на Никола Груевски, Гордана Јакуловска, Миле Јанакиевски, Блерим Беџети, Муса Џафери, Сашо Мијалков, Љупчо Тодоровски, Митко Чавков, Орце Камчев, Оливера Трајковска, Драган Павловиќ Латас… И што од тоа? Што можевме да научивме од овие разговори? Ама баш ништо што не го знаевме и порано – а тоа е дека режимот на Груевски или немал смелост или не бил способен (можеби и двете нешта се во прашање) да ја истера правдата во овој случај. Не заборавајте, таа фатална маана на тој режим беше клучната причина поради кои пред четири години го урнавме. Кој сега има потреба Фатиме Фетаи одново да ја преоткрива Америка?

 

Единствената „бомба“ во која се води суштинска материјална расправа за тоа кој е убиецот е онаа во која говори Катерина Најденова, гатачката на поранешниот премиер Груевски. Нејзина соговорничка е Ленче Самарџиска, секретарка на поранешниот премиер. Во разговорот гатачката на секретарката ѝ кажува дека јавноста ќе биде во шок од тоа што ќе излезе на виделина, имено кога ќе се открие и дека во убиството „има умешано некој со униформа“. Според сите извештаи во медиумите од последното бомбашко шоу на Фатиме Фетаи, ова е единствената „материјална“ трага што е објавена. Се разбира, под услов да имаме доверба во вештината и во натприродните моќи на госпоѓата Најденова.

За успехот на сценскиот настап на Фетаи веројатно најважни биле најспектакуларните разговори, оние кои носат најмногу поени за „уметнички дојам“. Како, на пример, чамче муабетот во кој Орце Камчев и Оливера Трајковска онака „стручно“ го коментираат и го „реконструираат“ случајот од сите аспекти (дури и техничките прашања се адресирани). Па оној разговор меѓу Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, во кој Јанкуловска сооопштува едно важно историско откритие, дека „вакво нешто во историјата на Македонија немало“. Па оние детали за замешателството на Блерим Беџети во менаџирањето на кризата во ДУИ поради процесите…

Да, да, сфаќаме, не сме мутави, сето тоа си има своја употребна вредност во контекст на актуелните политички (не)прилики во Македонија. Но, може ли некој нормален да ни објасни каква врска има тоа со процесот „Монструм“ и со обврската на една обвинителка да ја докажува вината на обвинетите, а не сега, пост фестум, и таа политички да го менаџира случајот, да ја егзалтира јавноста и да испраќа порака – ете, да не се укинеше СЈО, вакви разговори ќе се изнаслушавте до изборите и тогаш немаше да има дилеми кој ќе победи.

Денешното презентирање на новите „докази“ во случајот „Монструм“ – замислете, некои луѓе сѐ уште упорно нелегално снимените разговори ги сметаат за валидни докази во постапката – најуверливо покажува каде се утна работата со СЈО и зошто ова обвинителство, после многу бесцелно потрошени народни пари, со екстремно слаби успеси во процесите, после толку бесполезни шоуа слични на последното на Фетаи, всушност и немало што друго да прави со „бомбите“ добиени од Зоран Заев, освен со нив да почне да „тргува со влијание“, односно да рекетира.

Во својот последен естраден настап, Фетаи, иако свесна за бесполезноста на шоуто (затоа и се оправда, кажувајќи дека ќе коментира во завршниот збор), всушност тргуваше со влијание врз емоциите на македонската јавност, а најсилно беа „изрекетирани“ чувствата на најблиските на жртвите на петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Навистина срамно!

Дами и господо обвинители, грешевте и грешите многу со „бомбите“ и време е да престанете, ако сакате да ви биде простено. Во сите идни случаи, на сите идни судски рочишта, а особено во најчувствителните кејсови, каков што е „Монструм“, немојте веќе ни да помислувате да ја забавувате јавноста со емитување „бомби“, ако во нив нема уверливи индиции за тоа кој какво злосторство сторил. Добро, ете, наумила Фатиме упорно да го крши Законот за кривична постапка и својот кејс да го заснова на експлоатација на нелегално прибавени докази, решила да биде сканија во судница, но кога веќе го прави тоа, барем во „бомбите“ да слушнеме кој е убиецот кај Смилковско Езеро.

А ако нема такви докази или парадокази, на Фетаи ѝ предлагам да замолчи, на следното рочиште да пушти две нумери од Аца Лукас и да нѐ ослободи од својата бесмислена поза. Сѐ ќе биде во ред, драга Фатиме, можеби пак ќе добиеш кисчиња од твоите верни и напалени обожаватели, но никој веќе не верува дека „борбата за правда продолжува“. Не со тебе, не со вас. И не вака.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...