Дополнителен проблем е што во овој период на пандемија со страшни последици врз економиите и врз стандардот на луѓето, инјектирањето пари од државните каси во народот се чини како логична и неизбежна „политика“. Тоа што Заев „сервисирањето“ на стопанството и на граѓаните во вакви услови сака да го прикаже како вистинска политика, идеологија и мудрост дури – па вели, „ во следните шест до осум месеци кризата ќе продолжи и целиот овој период мора да го поминуваме заедно бидејќи заедно сме посилни и помудри“ – тоа е само доказ дека човекот е изворен популист.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 септември, 2020 19:38

Героски: Ќе биде ли Заев подобар од Тито? Па зарем некој се сомнева во тоа?!

Фото/Текст извор: ©плусинфо

Државата ни е стабилна. Владата ни е стабилна. Коалицијата е стабилна. Следува стабилен период и во даночната политика, период без промени. Ова се главните поенти од комуникацијата на старо-новиот премиер Зоран Заев со македонските стопанственици, но и со македонските граѓани.

Со еден збор, сѐ е стабилно. Постабилно од ова, само во Бутел.

Новата влада на Заев, барем засега, најавува „предвидливост“ на евентуалните промени. Кои нема ни да ги има. „Ако се случи промена на данокот, таа треба да биде најавена на време. Немаме такви најави и нема таква потреба“, уверува Заев. Те шуќур!

Натуршчик во ролјата на популист

Пред некоја вечер, во дебата на Канал 5, укажав токму на овој феномен – на фактот дека и оваа, како и претходната влада на Заев, најверојатно нема да се занимава со производство на политики (реформи, новини, промени), туку со одржување на стабилноста и на продлабочување на својата „блискост со народот“, која почива на класичен популизам. Немав соговорник што може да разбере што зборувам, а камоли да дебатира за тезата.

„Државата е стабилна и постои за да им помага на граѓаните и на стопанството и да биде најдобар сервис на граѓаните“, вели „мудрецот“ Заев. Нема кој да му објасни на човекот дека државата не е тоа. Да проба Грета? Џабе. За Заев, како и за многу други како него, државата, владата и партиите со кои раководат не се погони за производство на политики, туку „сервиси“ за исполнување на ветувањата со кои доаѓаат на власт. Не е тоа случајно, популизмот го надмина стадиумот на недефинирано политиканство, тој сега се оформува и како „идеологија“.

Дополнителен проблем е што во овој период на пандемија со страшни последици врз економиите и врз стандардот на луѓето, инјектирањето пари од државните каси во народот се чини како логична и неизбежна „политика“. Тоа што Заев „сервисирањето“ на стопанството и на граѓаните во вакви услови сака да го прикаже како вистинска политика, идеологија и мудрост дури – па вели, „ во следните шест до осум месеци кризата ќе продолжи и целиот овој период мора да го поминуваме заедно бидејќи заедно сме посилни и помудри“ – тоа е само доказ дека човекот е изворен популист.

И во текот на неговиот прв мандат во извршната власт, кога немаше пандемија, Заев не покажа забележливи лични капацитети и желба за промени. Да, во надворешната политика ги спроведе проектите што му беа „сервисирани“ од знаеме кој (и за тоа од малкумина, меѓу кои бев и јас, доби отворена и директна јавна поддршка), но на домашен план тој не спроведе ниту една позначајна реформа.

Кога веќе ги спомнува даноците, редно е да се потсетиме. Заев во претходниот мандат се обиде да воведе прогресивен данок и да го реализира зацртаното во партиската програма. Јас лично ја критикував таа реформа во најава – бев убеден дека таквото отстапување од политиката на рамниот данок нема да донесе ни повеќе „праведност“ ни и повеќе пари во државната каса – но не може да се негира фактот дека стануваше збор за обид да се произведе нова даночна политика. Под разни притисоци, Заев брзо се откажа од намерата, го смени тогашниот министер за финансии Тевдовски, кусо време се самоименува за чувар на државната каса (додека некој не му кажа дека тоа не е баш законски) и на крајот целата таа реформа, едноставно, пропадна и се заборави, како никогаш ништо да не се случило.

Нова колумна на новинарот Бранко Геровски за Плусинфо

И еве ви го сега истиот Заев, ви вели – нема да има промени во даночната политика. Нема да има нови даноци. Те шуќур! Даночниот систем и политиките поставени од неговиот претходник Никола Груевски на Заев сега му се добри. Ма одлични! Зашто навистина се добри, да бидеме реални. Можеби не се идеални, но Заев и другарчињата подобри и поодржливи даночни политики, едноставно, не можат да смислат. Можеби може новиот министер Фатмир Бесими, ама како што веќе реков, во оваа ситуација тој ќе крпи буџетски дупки и ќе се надева дека со тие крпеници ќе му овозможи на премиерот Заев да инјектира нови пари „во народот“. Зашто, за една коронагодина од сега, на ред се локалните избори, а избори во општество во кое доминираат популизмот, клиентилизмот и корупцијата, се добиваат само со легално поткупување на избирачите.

Груевски тоа го сфати уште во 2008 година, ако не и пред тоа. Тој сфати дека во земја како Македонија власта се добива на тој начин што на народот му се ветува она што народот го бара „сега и веднаш“. Колку повеќе се исполнуваат таквите барања, толку народот бара уште и повеќе. Во таа смисла, Груевски покажа дека може долго да се носи до тој индуциран популизам. Остана на власт цела деценија. Заев не мора ништо да учи и да сфаќа, во оваа смисла тој е натуршчик. Со шашми издржа три години, ама вети дека може повеќе и подобро. И може, немајте дилеми во тоа. Денес и очекувањата на народецотв се намалени, борбата е да се задржи работното место и платата, да се добие малку повисока пензија, да се ќари ваучер, да се добие било каква, макар и минорна бенефиција од државата. Мислам дека Заев и оваа влада ќе успеат долго време да се „возат“ на овие шини.

Изгледа шашаво, ама функционира

Во нормалните земји, политичарите и партиите пред изборите настапуваат со оформени изборни програми, во кои има јасно дефинирани и меѓусебно конзистентни политики за сите поважни области од животот. Ама кога ние сме биле нормални? Кај нас партиите пред изборите пуштаат популистички шашми и списоци на желби, а политиките ги креираат отпосле, откако ќе дојдат на власт. „Почнуваме со дискусија и дебата за креирање нови пакети за економијата и за граѓаните“, гордо вели Заев. Тоа е тоа, доаѓаме на власт и потоа почнуваме дискусија за политиките. Не пред тоа. Никако пред тоа!

На пример, ветуваме „прочистување на правосудството“, а потоа почнуваме дискусија како да се направи тоа. Минатата влада на Заев формираше на една, туку две комисии за реформи во правосудството (да се задоволи и да се фасцинира Прибе), а единствената „реформа“ што ја видовме беше пропаста на хибридната институција наречена Специјално јавно обвинителство. Те шуќур и за тоа! Не велам сега дека младиот министер Маричиќ не може сите да нѐ изненади со една добро осмислена и дизајнирана политика на „прочистување“, што ќе ја извади од некоја тајна фасцикла, но се сомневам дека кај нас работите така се случуваат…

Горе-долу, во сите области имаме отсуство на било какво политичко творештво. Велат, ќе имаме ново работно законодавство. Какво? Никој не знае. Во најава е и нешто како пензиска реформа. Каква? Ќе се „договорат“ Заев и „народот“. Можеби ќе имаме реформи и во образованието и во здравството. Какви? И тоа никој не знае. А и не гледам некој нешто особено да се ломи околу овие прашања…

И не треба. Бидејќи „решенија за проблемите“ ќе се бараат низ „дискусија со народот“. Како во легендите од времето на социјализмот, кога другарот Тито одвреме-навреме успеваше да „избега“ од својата добро чувана резиденција на Дедиње, па шеташе меѓу народот, разговараше со обичните луѓе и потоа покажуваше „разбирање“ за нивните проблеми. Како после студентските демонстрации во 1968 година, на пример, кои ќе завршат со Козарачко коло, после онаа прочуена Титова парола: „Другови студенти су у праву!“

Не го спомнувам Тито случајно. Една од перјаниците на Заевата пропаганда, кој обично трезен го пишува она што Заев опиен од власт го мисли, неодамна си ја пушти душата и напиша: „Друже Заев, досега те знаеме како храбар херој и визионер, веќе ги надмина и Киро и Бранко и Љубчо, но дали ќе го надминеш Тито, т.е. дали ќе те паметиме по период од нашите животи кога народот имаше убав богат живот, ера по која ќе се тагува и ќе се евоцираат спомени, како што и ден денес се прави по времето на Тито, тоа зависи од овие 4 години што се пред нас. Треба да ги кренеш дупло платите, да отвориш 100.000 скапо платени работни места, да донесеш 10-20 мега инвестиции, да нѐ внесеш во ЕУ, земјава да личи на Словенија…“ Се разбира, будалетинкава тресе кардинални глупости, како и обично. Јасно е дека ништо од неговите очекувања „све дупло“ ќе има само дупло голо. Но, секој изворен популист знае како и со малку да ги задоволи големите народни барања – на плебсот на почетокот ќе му се даде малку (на некои, како на дотичнава будалетинка, многу повеќе, се разбира) и потоа на луѓето ќе им се вети многу повеќе, ама после следните избори, само ако гласаат како што треба. И сето тоа, верувале или не, во Македонија функционира. Како космодиск. Изгледа шашаво, ама функционира.

Швалерските приказни се поаналитични

Целата оваа постановка драстично го стеснува просторот за сериозни анализи. Дебатите се сведуваат на дихотомиите од типот „ми се свиѓа – не ми се свиѓа“, „сакам – не сакам“, „верувам – не верувам“, „оптимизам – песимизам“ итн. За мене барем, навистина е напорно и бесмислено да се „дискутира“ на тоа ниво. Поинтересни, но и попродуктивни за дебата, стануваат сензационалистичко-таблоидните аспекти на политиката. Посериозна расправа може да се поведе за тоа кој министер со која караконџула или со кој фраер се швалерисува, на пример, одошто за даночната политика. Првата тема е полна со новитети, промени, пресврти и драми. Плус, ветува неизвесен крај. Следењето бара познавања и аналитичност. А даночната политика? Е што со неа? Таа си е добра, стабилна, предвидлива и нема да има промени. Нема ни простор ни потреба за диускусија.

И што сега? Па ништо посебно… Тоа е тоа. Тоа е Заев. Тоа е заевизмот. Од ова зајре, ваква манџа се прави. Но, ако ништо друго, барем ќе се забавуваме. Ало Грета, се слушаме?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Затоа и во последниот текст на крајот од последната страница, Ѓорѓи Џибрилов ќе подвлече дека “делото на тој голем Македонец создаде легенда од него и го направи наше знаме“!

БУГАРСКАТА ЦЕНЗУРА НА ДЕЛО: СОФИЈА ГО ЗАБРАНИЛА ВЕСНИКОТ ОД 1938 ГОДИНА ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕН НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Што пишува во весникот што требал да биде објавен по повод 35 годишнината од смртта...

Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: АКАДЕМИК ИЛИЈА ЧАШУЛЕ КОРИФЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИНГВИСТИКА

18 октомври 2020 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува...

СМК протестира поради злоупотребата на бугарските пасоши за Македонците во Албанија како можност за евиденција на Македонците со “бугарски корени“ во обидите да се иселат од Албанија во земјите на Западна Европа.

СОФИЈА СЕ ПОАГРЕСИВНА ВО ОБИДИТЕ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА КАКО “БУГАРИ“

Светскиот Македонски Конгрес изразува жалење од изјавата на албанскиот министер за...

Ниеден политичар или историчар не може да ги разбере ирационалните барањата на бугарската држава.
Бугарија е фашистичка држава, окупатор во Втората светска војна која треба да го признае македонското малцинство

Бугарија е фашистичка држава, окупатор во Втората светска војна која треба да го признае македонското малцинство

Дури и да не ѝ се надомести на Македонија за бугарската окупацијата преку воена репарација,...