Героски: Клучното прашање е каде се парите ?

Објавил: Узунов Бобан | 7 август, 2019 9:31

Героски: Kаде се парите ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Новинарот Бранко Героски, кој во јавноста откри голем број детали од случајот „Рекет“, смета дека двата договора кои ги потпишал Сојузот со градежните фирми се манипулативни. Во изјава за „Канал 5“, Геровски вели дека клучното прашање е каде се парите.

Ова што го видовме, овие договори, овие случувања околу тие договори, сепак укажуваат на сомневања за сериозни криминални дејствија. Јас мислам дека и Финансиската полиција и Управата за јавни приходи веројатно многу брзо ќе си го сменат мислењето, смета Героски.

Героски порачува органите на прогонот да не спијат и да ги проверат сите шпекулации за можна вмешаност на институциите во рекетот.

Ја прочитав таа изјава дека ниту еден член на Меѓународниот сојуз до овој момент не е повикан од страна на истрагата, но по овие изјави, особено по изјавата на една од жените која буквално зела пари за да ги даде на друг, неспорно е дека истрагата ќе мора да ја повика да каже на кого ги дала парите, неспорно е дека тие пари ги нема, на струшкиот бизнисмен од „Дрим билдинг“ парите не му се вратени, вели Героски за „Канал 5“.

Претходно Героски во неговата последно објавена колумна јавно го постави прашањето-Кој ја штити Катица Јанева?

До овој момент, од сознанијата што го има јавноста за текот на истрагата (кои не мора да се целосни, бидејќи истрагата не мора за сѐ да ги известува граѓаните), се истражува главно случајот на „трговија со влијание“ меѓу осомничените и бизнисменот Орце Камчев, доказите и околностите во врска со тој настан, за кој одамна јавно предупредив дека е многу цврсто и уверливо документиран. Се чини дека во овој момент клучниот проблем на третирањето на овој дел од истрагата е неразумниот обид од списокот на осомничени да се изостави специјалната јавна обвинителка во оставка и да се занемари нејзината ролја во „трговијата со влијание“, која исто така е документирана. Нејзините невешти обиди за прикривање на доказите (преформатирање компјутери и телефони), пак, ја прават Катица Јанева многу сериозен кандидат за изрекување на мерката притвор.

Во овој момент, не се знае кој точно се обидува да ја заштити Јанева. Според моите сознанија, тоа не е премиерот Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември.

Проверувајте си ги сметките – парите за скенирање на сметки ги имате на вашата трансакција

На вашите сметки треба да очекувате поврат на 15 осто од ДДВ. Средставата на повратот...

Имено македонските олимпијци се закитија со медали на  прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар.

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Ученици земаа пет медалји на олимпијада во Катар

Македонските ученици Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски,...

Милошоски истака дека владеачката коалција го искористи европското знаменце со цел да ја ограничи дебатата за законот и воедно да се органзиираат јавни расправи со цел стручните лица и граѓаните да го кажат своето мислење.

Милошоски до Груби: Пријателите од ЕУ ви кажаа дека законот за двојазичност е неприменлив

Во денешното гостување во „Топ тема“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски...