Портпаролот на холандската полиција Томас Алинг рече дека пред екстрадицијата, се очекува уапсениот прво да се појави пред судијата, додавајќи дека осомничениот е приведен на аеродромот Шипхол во Амстердам без никакви проблеми!

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 јануари, 2021 20:48

ГИ ВИКААТ КИНЕСКИОТ ЕЛ ЧАПО: Шефот на азиската НАРКО МАФИЈА, вреден 70 МИЛИЈАРДИ годишно, беше уапсен во Холандија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Холандската полиција објави дека е уапсен наводниот водач на азиската нарко-криминална организација Це Чи Лоп, кој важи за еден од најбараните бегалци и го споредуваа со мексиканскиот нарко-шеф!

Ел Чап Гузман Це Чи Лоп, канадски државјанин роден во Кина, е уапсен по потерница на австралиската полиција, која спроведува истрага при што е утврдено дека организацијата со која раководел остварувал годишен приход од трговија со дрога во износ од 70 милијарди долари за една година, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на холандската полиција Томас Алинг рече дека пред екстрадицијата, се очекува уапсениот прво да се појави пред судијата, додавајќи дека осомничениот е приведен на аеродромот Шипхол во Амстердам без никакви проблеми!

“Тој беше на списокот на најбарани бегалци, а неговото апсење е резултат на разузнавачка работа. Тој е човек од калибар на Ел Чапо, можеби дури и Пабло Ескобар”, објасни Алинг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...