ВО ТЕЛОТО НА МРТОВ КИТ НА ФИЛИПИНИ ПРОНАЈДЕНИ 40 КИЛОГРАМИ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ

Објавил: Сања Кукиќ | 18 март, 2019 12:31

Глобалното загадување ќе го убие животинскиот свет!

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Загадувањето и несовесноста на луѓето за жал почнува да дава резултати. 40 килограми на пластични ќеси се причина за смрт на кит кој бил пронајден на брегот на Манила.

Според извештај од 2015 година, Кина, Индонезија, Филипини, Тајланд и Виетнам се одговорни за 60% од вкупниот пластичен отпад што завршува во океаните.

Млад кит кој бил пронајден мртов на брегот на Филипини умрел од „гастричен шок“ откако проголтал 40 килограми пластични кеси. Тој бил пронајден од вработени во музејот „D’Bone Collector“ источно од Давао Сити на островот Минданао и тие се шокирале кога ја дознале бруталната причина за неговата смрт.

Во својот пост на Фејсбук, поморските биолози од музејот напишаа дека „досега не виделе толкаво количество пластика во телото на еден кит“.

„Беше одвратно. Не бевме подготвени за ова. Пронајдовме 40 килограми пластика, вклучувајќи 16 торби за ориз, четири торби какви што се користат на плантажи за банани, како и голем број пластични кеси од продавници. Ја почнавме класификацијата на пластиката и во наредните денови ќе ја објавиме комплетната листа“, изјави основачот и претседател на музејот, Дарел Блечли.

Музејот во последните десет години направил обдукција на голем број мртви китови и делфини и во 57 случаи причината за смртта била насобраните ѓубре и пластика во телото.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Министерството за земјоделство во Хрватска, соопшти дека поради присуство на салмонела во јајца се повлекуваат од тржиштето свежи јајца Лукач А класа.

Пронајдена опасна бактерија во јајца- издадена итна наредба за повлекување на јајца од продавниците !

Министерството за земјоделство пред два дена извести дека поради присуство на салмонела,...

Нивна цел беше да ме осудат, а потоа да ме убијат. Три пати се обидоа да ме убијат и се обидоа со чудни лекови да ми го загрозат здравјето.

ШЕШЕЉ после 12 години откри како преживеал во ХАГ- Сакале да го убијат со чудни лекови и лажна дијагноза!

Лидерот на радикалите Воислав Шешељ, тврди дека во Шевенинген се обиделе да го убијат...