Движењето ''Ние Сме Македонија,, кое организираше 40 протести ширум светот, вклучувајќи го и светскиот протест од 4ти Март на кој протестираа над 150,000 Македонци на 16 локации низ светот, се огласи на официјалната фејсбук страна со соопштение по повод тукушто распишаниот референдум.

Објавил: admin@magazin | 30 јули, 2018 19:47

Глобалното непсртиско движење ”Ние Сме Македонија,, повикува на Бојкот

Фото/Текст извор: ©We Are Macedonia

Во прилог ви го пренесуваме нивното соопштение во целост:
Глобалното непартиско движење Ние Сме Македонија ги повикува своите поддржувачи и граѓани на Република Македонија на БОЈКОТ на тукушто распишаниот противуставен консултативен референдум на 30ти Септември 2018 година. Бидејќи овој референдум има за цел само да ги консултира граѓаните, што значи дека сепак власта ќе го има крајниот збор, негово одржување е излишно.

Најавеното прашање “Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција” е манипулативно и тотално погрешно, бидејќи таканаречениот договор помеѓу Република Македонија и Република Грција не е сеуште ратификуван, нити објавен во службен весник и како таков нема никаква важност.

Истовремено движењето повикува на претпазливост кон пропагандата и манипулациите кои власта ги шири низ платените медиуми во форма на информација “зошто влез во ЕУ и НАТО ќе придонесе кон поквалитетен живот за граѓаните на Република Македонија” притоа цинично изоставувајќи го фактот дека влезот во ЕУ и НАТО е условен со промена на името во Северна Македонија, односно бришење на идентитетот, историјата, културата и постоењето на Македонскиот народ.

Единствено разумно и прифатливо решение е Република Македонија Ерга Омнес, а бидејќи овој одговор не е претставен како опција, прашањето не заслужува одговор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија

-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша вчера Апасиев на Фејсбук.

АПАСИЕВ НАЈАВИ ПРИЈАВИ ЗА БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ АКО ДОЈДАТ ЗАРАЗЕНИ ПРАТЕНИЦИ НА СЕДНИЦА

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев уште вчера по најавата на власта дека...

По усвојувањето на новата Концепција за основно образование и изработката на новите наставни програми, се воведува и современа дидактика со која значително ќе се подобри квалитетот на воспитно – образовниот процес и наставата.

Министерство за образование и наука: Преку современи учебници без грешки го подигаме квалитетот на образовниот процес

Реакциите на јавноста дека во училиштата се применуваат парталави учебници кои имаат...

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот - но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.

Пратеничката на СДСМ Стојчевска позитивна со целосна заштитна КОВИД-19 опрема во Собрание

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на...