Македонија
Вести
На денешната прес-конференција премиерот на државата Зоран Заев рече дека правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени.
Тој потсети дека ова важи за оние кои претрпеле загуба како последица од пандемијата предизвикана од Ковид 19, и ги повика сите оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор да исплатат К-15 и други издатоци.
Заев апелираше до компаниите кои годинава не оствариле добивка, но имаат финансиска моќ да исплатат К-15 на вработените.
Законите и колективните договори се јасни и треба да се почитуваат до крај, а тие даваат бафер каде може флексибилно да се дејствува во делот на исплата на К-15. Оние правни субјекти кои нема да остварат добивка немаат обврска да исплатат К-15 и други издатоци. Таму каде ќе остварат добивка се должни да го почитуваат законот и колективниот договор. Така што голем дел од компаниите оваа година нема да покажат добивка и тоа на нас ни е јасно и затоа аконтациите на данок на добивка се одложуваат и таму согласно законот го имаат и баферот да не се исплати К-15. Но апелираме дури и оние фирми што оваа година нема да покажат добивка, а имаат финснсиски резервоари создадени од претходни години и финансиска моќ да исплатат К-15 заради тоа што тоа е поддршка кон нивните работници, поддршка на граѓаните, а за економијата значи зголемена потрошувачка моќ, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.