Имено, поради пандемијата од Ковид-19 минатата година не се одржа најмасовната црковно- народна манифестација и празникот помина без традиционалното одбележување и фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Објавил: Мартин Попоски | 14 јануари, 2022 7:49

Годинава ќе се одбележи Богојавление-Водици во Охрид, нема да се организира Денот на рибарите

Фото/Текст извор: ©магазин

Со почитување и запазување на мерките за заштита од Ковид 19 годинава  ќе биде одржана манифестацијата посветена на големиот верски празник Богојавление – Водици. Централното случување ќе започне традиционално на 19 Јануари.

Точно во 10 часот од Светилникот на пристаништето, Дебарско- Кичевскиот митрополит г. г Тимотеј ќе го положи  Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Поради Ковид пандемијата, годинава не е предвидено официјално организирање на Денот на рибарите и нема да се служи традиционалната рибја чорба.

Одлуката беше донесена вчера на координативниот состанок во присуство на  градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков,  претседателот на Совет, Сашо Донев, претставници од Македонската Православна Црква, од  охридските јавни претпријатија , од нуркачките клубови „Амфора“ и „Охрид“, од Капетанија на пристаништа,  од Министерството за Внатрешни работи и од  Црвен Крст Охрид.

Богослужбите во охридските парохиски цркви ќе почнат во 7 часот наутро, а литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“,  „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала ќе се сретнат на плоштадот Св. Климент Охридски   неколку минути пред  10 часот   и ќе се упатат на пристаништето. По положување на крстот  и осветување на  езерската вода , точно напладне кај месноста „Сараиште“ ќе се одржи   свето  крштевање на сите луѓе кои сакаат да се крстат. Точно напладне на градскиот плоштад , концерт ќе одржи групата „Љубојна“, а од 9 до 15 часот во близина на охридската капетанија ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, информираат од Општина Охрид. 

По повод празникот, охридските нуркачи на 16 јануари ќе го чистат дното од Охридското Езеро  на просторот каде ќе се  спроведе положувањето на Светиот крст, а екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе  го украсат централното градско подрачје во знакот на Богојавленските празнувања.
По координативниот состанок, денеска се расчистуваше и градското пристаниште од  страна на екипи на ЈП „Охридски Комуналец“.

Нашите оперативни служби темелно го расчистуваат делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст. Ангажирана е и механизација и се расчистуваат наносите од песок, трска и друг вид отпад, информираа од ЈП Охридски Комуналец. 

Имено, поради пандемијата од Ковид-19 минатата година не се одржа најмасовната црковно- народна манифестација и празникот помина без традиционалното одбележување и фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

OhridNews

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Поради пандемијата, бројот на пријавени граѓани кои влегоа во водите беше ограничена на 20-тина, а по претходен договор меѓу капачите, немаше традиционало скокање по крстот, туку сите заедно и прегрнати до дочекаа положувањето на крстот.

ГРУПНО ФАЌАЊЕ НА КРСТОТ ВО ВОДИТЕ НА ВАРДАР ВО СКОПЈЕ

По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода” кај х. Холидеј ин...

Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар.

Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед

Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед! Министерството...