Синот на балканската звезда Цеца, Вељко и неговата сега веќе сопруга Богдана Родиќ, денеска се заколнаа на вечна љубов во храмот Св. Сава во Белград, а неколку часа подоцна во елитниот хотел Хајат во Белград и официјално Богдана му постана сопруга.
Имавме различни обичаи, кумот го облекуваше, го бричеше и му ставаше парфем. Кумот е од Кипар, па ги измешавме традициите, но ние сме сите православци. Анастасија плачеше, а јас бев весела. Ме понесе голема емоција. Прекрасно е кога сите се радуваат на нашата среќа, изјави вечерва Цеца.
Јас ја погледнав Богдана и и реков дека е најубава невеста и знам дека за мојот брат таа е супер девојка. Прв пат мојот брат и Богдана се бакнаа во Хајат а јас бев сведок на нивната љубов, рече Анастасија.
Гостите моментално уживаат во вечерата, а храна има во изобилство.
Послужен е шведски стол, со најскапи сирења, пршути, печење, неколку врсти на риба и торти.
После општинското венчавање владиката Стефан ги благослови младите. Богдана подоцна го фрли бидермаерот кој го фати Тара Милутиновиќ, најдобрата пријателка на Анастасија.
Невестата блескаше во нова раскошна венчаница, додека пак Вељко промени друго сиво одело.
Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко и Богдана Родиќ денеска се заколнаа на вечна љубов во храмот „Свети Сава“, а убавата невеста блескаше во венчаницата која популарната пејачка ја носеше на својата свадба пред 24 години.
Погледнете кои познати личности присуствуваа на како што ја нарекоа српските медиуми “свадбата на деценијата”:
[ngg src=”galleries” ids=”8″ display=”pro_horizontal_filmstrip”]
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.