Според податоците, станува збор за група за која полицијата подолго време работи на разбивање на ланецот наркотици.

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 март, 2021 20:01

Голема акција на МВР во Гевгелија, запленета голема количина на дрога

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Гевгелија во тек е акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога.

Неофицијално запленети се околу 200 килограми марихуана, а има и приведени лица.

Според податоците, станува збор за група за која полицијата подолго време работи на разбивање на ланецот наркотици.

Недозволената трговија со дрога, наркобизнис или пак наркотрговијата, претставува еден вид на ,,црн пазар,, на кој што се одвива купопродажбата на истоимената и врз основа на истата се остварува и голем профит.

Секако дека овој црн пазар го опфаќа одгледувањето на психотропните супстанци (дроги), нивното производство, прекуграничното дистрибуирање и на крајот продажбата на определени супстанци (дроги) кои што се забранети со закон. Во многу земји ширум светот, трговијата со дрога е забранета и е инкриминирана во Кривичните законици како кривично дело кое е казниво. Во Република Македонија овој тип на кривични дела поврзани со дрога се инкриминирани во 21 глава од Кривичниот Законик.

Неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори (член 215 од КЗ) и Овозможување на употреба наркотични дроги (Член 216 од КЗ) претставуваат кривични дела за кои се предвидени затворски казни за сторителите.

Во определени земји пак како што се Кина, Иран или Сингапур нелегалната трговија со дрога се казнува дури и со смртна казна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести