
Македонија
Вести
Во координирана акција спроведена на територијата на целата држава, Министерството за внатрешни работи вчера изврши 52 претреси во домови и помошни простории, насочени кон сузбивање на недозволената трговија со дрога и оружје.
„Акцијата, која е дел од засилените активности на полицијата, резултираше со заплена на огнено оружје, муниција, наркотични средства и финансиски средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од криминални активности“, се вели во соопштението на МВР.
Според официјалните информации, при претресите биле пронајдени ловечки пушки, карабин, воздушни пушки и гасен пиштол, како и големо количество муниција од различен калибар. Дополнително, полицијата открила семки од растението канабис, пакувања со растителна, прашкаста и грутчеста материја, таблети екстази, дробилки, дигитални ваги и шприцеви исполнети со течност.
„Во текот на вчерашниот ден, по брза постапка, биле поднесени три кривични пријави против четири лица по член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Исто така, поднесена е и една кривична пријава против едно лице по член 396, поврзан со незаконско поседување и трговија со оружје. Едно лице е веќе предмет на локална потерница, а истрагата продолжува со цел документирање на случаите и преземање дополнителни правни дејствија против останатите инволвирани“, се вели во соопштението.
МВР најави дека ќе продолжи со засилените мерки за спречување на криминалот од овој тип, со акцент на откривање и приведување на сторителите на кривичните дела.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.