Вести
Избори 2020
На прес-конференцијата во 13 часот Државната изборна комисија ја објави излезноста на избирачките места до 13 часот која е 24,03 проценти.
Досега своето право на глас го оствариле 436,034 граѓани кои гласале на предвремените парламентарни избори, а податоците се однесуваат за 3,371 избирачки места.
По изборни единици податоците до 11 часот се следни:
ИЕ 1 – излезност од 27,23 проценти
Најголема излезност има во Македонски Брод 35,04 проценти, општина Аеродром 30,15 и Кисела Вода 29,24 пропценти, додека најниска излезност има во Студеничани од 15,19 проценти
ИЕ 2 – излезност од 22,08 %
општина Ѓорче Петров најголема излезност со 29,01 проценти, додека најниска излезност има во Липково од 15,66 проценти
ИЕ 3 – излезност 29,57 %
општините Крива Паланка 43,31 %, над 20 проценти е речиси со сите останати општини во рамки на оваа изборна единица.
ИЕ 4 – излезност од 28,18 %
општина Новаци најголема излезност со 42,4 проценти. Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци и Прилеп имаат излезност од над 30 проценти
ИЕ 5 – излезност од 23,69 %
општина Крушево најголема излезност со 37,84 проценти, додека најниска излезност има во Центар Жупа од 5,59 проценти
ИЕ 6 – излезност од 16,34 %
општина Тетово најголема излезност со 20,18 проценти.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Избори 2020
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.