Романија има највисока стапка на сообраќајни несреќи во ЕУ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 октомври, 2019 14:45

ГОЛЕМА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА: Десет лица загинаа во судир на камион со минибус! (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Десет лица загинаа на самото место, а седум лица се повредени во југоисточниот дел на Романија кога се судрил камион со минибус.

Како што соопштија романските власти, четворица од повредените се во сериозна здравствена состојба. Во несреќата се судриле камион и минибус, при што загинале и возачите на двете возила.

Светските агенции јавуваат дека причина за несреќата најверојатно е лошата патна инфраструктура во Романија.

Највисок процент на жртви-пешаци во сообраќајни несреќи во 2017 година има во Романија, 37 загинати на еден милион жители, а најмалку во Данска само тројца.

Грција е на првото место во однос на жртви во сообраќај со мотори во 2017 година и тоа 20 на еден милион жители, додека во Бугарија и Естонија за во 2016 година бројот на жртви со мотори е нула.

Податоците на Евростат покажуваат дека согласно бројот на жртви велосипедисти во сообраќајот, на прво место е Романија со 10 загинати на еден милиони жители, а нула жртви во 2016 година имале Кипар и Луксембург .
Разликите меѓу државите – членки на ЕУ за бројот на загинати при сообраќајни несреќи варираат од 30 смртни случаи на милион жители во Велика Британија и Шведска, до над 90 во Бугарија и Романија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според изјавата, хеликоптерот се урнал на околу 20 километри од населбата Клин во московскиот регион во 20 часот по локално време.

ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА: Се сруши воен хеликоптер, загинаа сите членови на екипажот!

Сите членови на екипажот на рускиот воен хеликоптер Ми-8 загинаа вечерва кога авионот...

Голема трагедија се случи денес во центарот на Лесковац, во која животот го загубија четири лица, меѓу кои и бремена жена.

МАСАКР ВО СРБИЈА- КРВ НА СИТЕ СТРАНИ: Убиени четри лица меѓу кои и бремена жена!

Ужасното злосторство се случи во Србија на улицата Ратко Павловица, веднаш до Старата...