Како што информираат граѓаните за „Независен весник“ акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 јуни, 2019 11:04

Голема полициска акција во Љуботен: Полицијата на нозе, жителите преплашени, цело село е блокирано!

Фото/Текст извор: ©независен

Во село Љуботен од утрово се спроведува голема полициска акција. Целото село е блокирано, а многу куќи од 5 часот наутро се претресени.

Како што информираат граѓаните за „Независен весник“ акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат.
Тие велат дека тоа им е единствена егзистенција и со пот се обидуваат да ги нахранат нивните деца.Од друга страна, сметаат дека државата не е заинтересирана за нив во ниту еден аспект да им помогне, ни при вработување, ниту во инфраструктурниот дел, па се жалаат дека патот е катастрофален,нема вода за пиење,а имаат и други проблеми.

Во куќата на Сулејман Зендели полицијата влегла по грешка. Како што вели Зендели во 5.30 часот, со нога ја отвориле вратата и веднаш му ставиле лисици на неговиот син Раметула Зендели, па го ослободиле откако сфатиле дека по грешка влегле во неговиот дом.

Во село Љуботен од утрово се спроведува голема полициска акција. Целото село е блокирано, а многу куќи од 5 часот наутро се претресени.

Тие истакнаа дека Раметула кога ги видел сакал да избега пак да се врати во куќата и затоа му ставиле лисици. Но, Раметула вели дека сакал да се врати во куќата за да ги смири сопругата и децата, за да не се плашат, а полицијата немала разбирање и го легнале на земја.

Сулејман Зендели заедно со својот син велат дека ќе бараат обештетување за вознемирување од страна на полицијата која се правда дека според катастарот се во точната парцела, но дека луѓето што живеат тука не се тие што ги бараат.

И покрај тоа, тие сѐ уште се во куќата на Зендели и вршат претрес, иако на почеток тие сфатија дека се на погрешно место и отидоа, па повторно се вратија, извршувајќи претрес и во други три куќи во близина на домот на Зендели.

Зендели вели дека иако не бил во списокот за претрес, а полицијата го искористила метежот, па бесправно влегува да претресува.
Во моментот, трае полициската акација и во многу други куќи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

-Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано.

ГЕРОСКИ: “Политичар што тужи новинари МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ„

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев, вицепремиерката...

Момчето, кој себеси сака да се нарекува новинар, и притоа нема елементарно воспитување и почит кон луѓе кои се далеку над него и се имено новинари со големо ,,Н"

Јоци до Митовски од Инфомакс: Ти си далеку од новинар, немаш занает, немаш новинарски нерв, немаш знаење, немаш абер

Кога Инфомакс ќе престане да ми сече статуси во кои го пишувам Заев, а го нема делот...

Рахиќ додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

РАХИЌ: КАТИЦА ВО ПРИТВОР СО 18 ЖЕНИ – во секоја ќелија има по 4, 5 до 6 жени!

Затоа што е лице од посебен интерес поради безбедносна проценка специјалната обвинителка...

Според мене, се работи за класична закана и притисок врз медиумите и другите колеги новинари да не се осудуваат да објават информации, кои тие би ги имале поврзани со власта и аферата „Рекет“, нагласува тој.

Митовски од ИНФОМАКС: “Класична закана и притисок од ЗАЕВ да не се објават информации за Рекет”

Изјавата на премиерот Зоран Заев, кој најави дека ќе ме тужи мене и нашата редакција,...