Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 септември, 2019 11:38

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Над 100 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат со зајакнати акциски контроли за да се санкционираат прекршителите на законите.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 06.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 45 возачи кои ја пречекориле брзината.

Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 06/07.09.2019 во времето од 18,30 до 01,30 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје.

Притоа, санкционирани се 12 возачи. Покрај тоа, задржани се два мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

За оваа чанта, Русковска во завршните зборови потенцираше дека завршила во домот на родителите на Боки во населбата Тафталиџе.

ХАОС ВО СУДНИЦА: Русковска пушти необјавена снимка од домот на Камчев, ден по земањето на „Луј Витон“ чантата!

Обвинителката Вилма Русковска денеска во завршните зборови за случајот „Рекет“ пушти...

Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

НОВА ОДЛУКА НА ВЛАДАТА: Скратен полицискиот час за викендов, дозволено движење од 05 до 19 часот

На тековната седница на Влада донесена е одлука за скратување на забраната за движење...

Министерот пред малку објави дека секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот.

НАЈНОВА ВЕСТ: Владата на вонредна седница донесе ВАЖНИ ОДЛУКИ!

Штотуку донесовме важни одлуки на седница на Влада. Почнувајќи од утре, четврток, 23...