Во Скопје и околината максималните дневни температури исто така ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачат до околу 21, 22 степени.

Објавил: Мартин Попоски | 13 март, 2020 8:51

ГОЛЕМА промена на времето: Можни се поголеми здравствени проблеми- ЕВЕ ШТО НЕ ОЧЕКУВА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов, како и утре особено претпладне, под влијание на стабилна, сува и многу топла воздушна маса од југ времето ќе биде стабилно, суво и натпросечно топло.

Денес максималните дневни температури на воздухот се очекува да се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени, утре пак истите ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Во Скопје и околината максималните дневни температури исто така ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачат до околу 21, 22 степени.

Утре облачноста ќе се зголемува и навечер, како и во текот на ноќта кон недела во поголемиот дел од државава ќе има врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела ќе биде значително посвежо со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде се очекува да се формира и нова снежна покривка, сето ова ќе биде проследено и со северен и североисточен ветер кој повремено ќе засилува.
Максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Исто така во недела особено доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон понеделник, услови за врнежи од снег ќе има и на некои места со надморска височина од под 1000 метри што значи дека зимата уште еднаш ќе ја покаже својата сила.

Престанок на врнежите и стабилизирање на времето ќе има во понеделник, особено попладне и навечер.

НАПОМЕНА: Во текот на следните неколку денови поради најавената нова ГОЛЕМА промена на времето, биометеоролошките услови кај нас ќе бидат значително понеповолни па така кај поголем дел од граѓаните, особено кај метеопатите можни се и поголеми здравствени проблеми.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи кој ќе бидат претежно од снег, иако повремено има услови и за врнежи од дожд и снег

СНЕГ И ДОЖД ВО ЗЕМЈАВА: Детална временска прогноза!

Нашата територија до крајот на денов ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност....

Повеќе застапени врнежите ќе бидат во попладневните и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, истиот повремено и тоа особено на север и долж Повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

ТОЛКУ ОД СОНЦЕТО: Наредните денови дожд и снег!

До крајот на денов, времето во државава ќе биде променливо облачно со повремени локални...

Во Скопје и околината претпладнево ќе биде сончево, попладне локално ќе има повеќе облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 16 степени.

Радувајте се денес на сонцето, од утре дожд и снег!

Во текот на претпладнево во државава времето ќе биде претежно сончево и релативно...

До крајот на денов во државава времето ќе биде променливо облачно со локални послаби врнежи од дожд а на планините од снег.

ДЕТАЛНА ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Следува покачување на температурите во Македонија!

До крајот на денов во државава времето ќе биде променливо облачно со локални послаби...