Утре ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец додека во доцните попладневни и вечерни часови во западните предели ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон сабота ќе се прошират и во останатите предели. Максималните дневни температури во петок ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 септември, 2020 10:10

Голема промена на времето: Циклон се движи кон Македонија!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Денес времето во државава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален дожд, ќе има услови и за појава на грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Утре ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец додека во доцните попладневни и вечерни часови во западните предели ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон сабота ќе се прошират и во останатите предели. Максималните дневни температури во петок ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Во сабота под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ, локално ќе биде нестабилно со појава на грмежи а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на ГОЛЕМО опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот само од 16 до 24 степени.

За време на викендот исто така поради спуштањето на многу постуден воздух, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да падне и првиот снег.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Целта на овој Јавен повик е поддршка на иновативни решенија за локалните проблеми со кои се соочуваат општините.

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН ЈАВНИОТ ПОВИК „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ – ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ОПШТИНСКИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНОВАТИВНИ КОНЦЕПТИ”

Градоначалникот Шилегов, кој е и претседател на ЗЕЛС, денеска преку Zoom апликацијата...

Јас ќе кажам и ќе оставам на министерот за здравство да дообјасни, Владата ја слуша комплетно Комисијата за здравствена заштита и министерот Венко Филипче кој што работат, ако тие предложат ние ќе постапиме.

Заев: Го повикувам Мицкоски да не го доведува во опасност јавното здравје

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања по одржаната седница на Советот за...

Со цел да истраеме, ве замолувам да држите дистанца, редовно да носите маска и да одбегнувате дружби и семејни собири. Ве молам, направете го тоа за себе и за своите најблиски.

Пендаровски: Состојбата со пандемијата не се подобрува

Засега нема потреба од иницирање на нова вонредна состојба, бидејќи тоа нема многу...

ако што рече Филипче по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност на претседателот Стево Пендаровски, здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.

Министерот Спасовски е хоспитализиран, потврди Филипче

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е хоспитализиран од вчера, потврди...