Автобус се преврте по судир со цистерна во Иран, загинаа најмалку 21 лице, има голем број повредени, а се стравува дека бројката на жртви ќе расте

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 11:12

Голема сообраќајна несреќа во Иран, загинаа најмалку 21 лице

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Најмалку 21 лице загинаа кога еден автобус се преврте по судир со цистерна во Иран, соопштија иранските медиуми.

Иранската телевизија објави дека 20 лица се повредени во несреќата и се префрлени во локални болници, а меѓу нив и две жени и две деца.

Според информации од полицијата, сеуште не се знае точниот број на мртви, како се работи за комплексна спасувачка мисија.

Во сообраќајните несреќи во Иран годишно гинат околу 17 000 луѓе, поради што Иран има еден од најлошите биланси во безбедноста на сообраќајот во светот.

ОБНОВЕНО: Според последните информации, бројката на мртви од тешката сообраќајна несреќа се искачила на 27 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...