НАПОМЕНА: Поради големите температурни разлики за кратко време, особено метеопатите можат да почувствуваат позначителни здравствени проблеми како што се: Главоболка, болка во коските и на местата од старите рани, како и несоница, но и повремена нервоза и нерасположеност.

Објавил: Перо Милчин | 25 јануари, 2021 5:30

ГОЛЕМА ТЕМПЕРАТУРНА РАЗЛИКА: ДЕНЕС ТЕМПЕРАТУРИ ДО 17°C – ВО ВТОРНИК ВИСТИНСКА ЗИМА И СНЕГ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голема разлика во температурите ќе се злучи за само 24 часа. Во текот на денешниот ден поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење максималните дневни температури на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени во најтоплите предели од државава.

Ќе дува и умерен до засилен ветер од југозападен правец а времето преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, шпто значи ќе има краткотраен престанок на врнежите кои се очекуваат претстојната ноќ.

Веќе денеска доцна попладне и навечер како што најавивме ќе започнат нови врнежи кој поради спуштањето на студена воздушна маса од север полека ќе преминуваат во снег и на повисоките места, додека во вторник поради понатамошно спуштање на студен воздух од Арктикот, врнежи од снег ќе има на повеќе места низ државава. Ветерот од вторник ќе го смени својот правец во северен и во северозападен и истиот и понатаму ќе биде засилен по интензитет.

Во вторник веќе температурите на воздухот ќе бидат за околу 10 степени пониски во споредба со утрешниот ден и ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени, меѓутоа во текот на денот во вторник истите и понатаму ќе опаѓаат.

До среда наутро температурите ќе се спуштаат насекаде под нулата  и истите ќе бидат во интервалот од -8 до -1 степен, на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат  и под -10 степени. Во среда максималните дневни температури ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 9 степени на крајниот југоисток.

Во среда  и понатаму ќе има повремени послаби врнежи од снег од локален карактер.

Снежната покривка на повисоките места и на планините значително ќе се зголеми (на планините за над 50 сантиметри), додека услови за формирање на снежна покривка ќе има понекаде и на пониските места. Поради силниот ветер ќе има појава на снежни наноси, додека поради ниските температури ќе има појава и на голомразица, па така возачите, исто така и пешаците да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

НАПОМЕНА: Поради големите температурни разлики за кратко време, особено метеопатите можат да почувствуваат позначителни здравствени проблеми како што се: Главоболка, болка во коските и на местата од старите рани, како и несоница, но и повремена нервоза и нерасположеност.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Од петок облачноста ќе се зголемува и за време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд.

ОД ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА КЛИМАТОЛОШКАТА ПРОЛЕТ : ШТО ДА ОЧЕКУВАМЕ ОД ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ?

Од денес и официјално започнува климатолошката пролет, што значи дека полека но сигурно...

Од недела температурите ќе бележат тенденција на пад за 7 до 8 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

НАЈАВА ЗА ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ЗА ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА МАКСИМАЛНИТЕ ДНЕВНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Денес, како и во текот на следните денови продолжува периодот на стабилно, суво и сончево...