До повредата дошло откако на игралиштето кое е наменето за деца со хендикеп, малиот Ангел влегол и почнал да се лула на лулашка која е наменета за деца во количка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 ноември, 2019 18:11

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ВЛАЕ: Дете паднало во кома откако се повредило на игралиште

Фото/Текст извор: ©инфомакс

Едно дете се наоѓа во кома на КАРИЛ, откако денес во паркот Делфина во скопската населба Влае се повредило играјќи си на таканареченото игралиште за инклузивност, дознава Инфомакс.

Малиот Ангел, од ОУ „Димо Хаџи Димов“ денес, играјќи се во паркот Делфина во скопската населба Влае, на таканареченото игралиште за инклузивност, се здобил со тешка телесна повреда.

Во моментот е на КАРИЛ во коматозна состојба.

До повредата дошло откако на игралиштето кое е наменето за деца со хендикеп, малиот Ангел влегол и почнал да се лула на лулашка која е наменета за деца во количка. Ова значи дека лулашката е поголема од стандардните и тешка неколку стотина килограми.

Ненадгледуван од никого, Ангел почнал да се лула кога ја заглавил ногата во лулашката и паднал, а до повредата дошло кога седиштето кое е предвидено да собере количка за хендикепирани лица се вратила назад и го удрила момчето во пределот на вилицата, по што тој изгубил свест.
Од она што го дознава Инфомакс, детето е на КАРИЛ и е во тешка состојба.

На ова игралиште ова не е прв случај во кој се повредени ученици. Минатата недела имало три случаи во кои за среќа полесно биле повредени неколку дечиња, но општината се уште нема изнајдено соодветно решение за обезбедување на ова игралиште, кое доколку не се користи соодветно и за намената за која е предвидено, е опасно по здравјето на учениците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Тешката несреќа се случила утринава околу 8.30 на автопатотот кај селотот Катун, но засега не е позната причината зошто шлеперот се превртел.

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Се преврте шлепер со македонски таблички на автопатот кај Ниш

Како што објавија српските медиуми на автопатот меѓу Алексинац и Ниш, во правец кон...

Лицата биле лишени од слобода и сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информираат од МВР.

ЛЕТАА ДРВЕНИ ПРЕДМЕТИ ВО ШУТКА: Масовна тепачка – апсеше полицијата

Голем инцидент во Шутка, интервенирла и полицијата. Како што информира министерството...