Македонија
Трагедија
Едно лице почина во тетовската болница каде било донесено со тешки повреди здобиени во сообраќајна несреќа.
Несреќата се случи утрово околу 9 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на месноста „Манастирски ливади”, информираа од СВР Тетово.
Од непознати причини дошло до судар на возило „голф” со скопски регистерски ознаки што го управувал С.Р. (74) и „мерцедес” со тетовски ознаки што го управувал Л.Р. (72) од Горно Палчиште.
Возачот на „голфот“ со сериозни повреди бил пренесен, во гостиварската болница, а потоа во тетовската, каде околу 13 часот им подлегнал на повредите.
Извршен е увид на местото настанот и се работи на причините кои довеле до несреќата.
Од СВР Тетово упатуваат апел до возачите да бидат повнимателни во утринските часови заради појава на магла и одрони по клисурите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Трагедија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.