„Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот“, велат пожарникарите.

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 февруари, 2020 12:27

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Три деца загинаа, шестмина повредени oд експлозија на плинска боца во Романовце

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утрово во куќа во кумановското село Романовце настанал голем пожар при експлозија на плинска боца. Како што соопшти МВР, три лица починале на лице место, а шест завршиле со тешки повреди.

Несреќата се случила утринава околу 10 часот, во дневната соба, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството. Неофицијално, несреќата се случила додека двете ќерки биле дојдени на гости кај родителите.

Децата биле на возраст од 6,8 и 9 години утрово загинаа во страотна трагедија во кумановското село Романовце.

Според германскиот експерт Франк Столт, една боца со гас може да биде доволна за да разнесат цели sидови. Сепак, тоа не значи дека нужно мора да се случи експлозија ако протекувагас од боцата. Ова е само еден од трите начини. Гасот, исто така, едноставно може да изгори. Третата, погубна варијанта е дека постои таканаречена БЛИВ, т.е. експлозија на гас од течност што врие. Како се случува таква експлозија? Ова секогаш се случува кога, како резултат на некој оган во близина на боцата , тогаш течнниот гасен сад (каде шшт се здржува течноста) се загрева однадвор над нивото на течноста. Металот во тој случај е ослабен и е со зголемен внатрешен притисок, при што садот одеднаш пука. Течната фаза на вриење одеднаш се менува во фазата на гас и боцата со гас експлодира и гори.

Од Противпожарната единица од Куманово велат дека повикот го добиле во 10.10 часот, и излегле на лице место со едно возило и четворица пожарникари, објави СДК.

„Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот“, велат пожарникарите.

Од МВР соопштија дека денеска околу 10 часот во Куманово – сел .Романовце во куќа сопственост на Ш. А. од експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница во Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди, но поради сериозноста на повредите истите ќе бидат префрлени во Ургентен центар Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

По барање на надлежен Јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта на младото девојче, информира СВР Охрид.

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Почина 14 годишно девојче од Лабуништа!

Утрово во 06 часот и 30 минути, во ОВР Струга, пријавено е дека, во Општата болница во Струга,...

Според првичните неофицијални информации, гробницата е пронајдена после полициската станица на патот кој води кон Козјак.

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Едно тело пронајдено во гробница на патот кон Козјак!

Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) синоќа пронајде гробница на Матка,...

Неговото срце не издржа. Единствената поткрепа на девојката замина, но зад себе остави долгови кон банките кои 21-годишната штипјанка не може да ги плати, пишува Алфа.

ТРАГЕДИЈА: Почина таткото на девојката која БЕШЕ ТЕПАНА ОД ДВАЈЦАТА НАСИЛНИЦИ ВО ШТИП

Судбината продолжува да се подигрува со животот на 21-годишната девојка којашто беше...

„Вистина e, пoчинa татко ми од тоа злo“, потврдува низ coлзи неговиот син Мартин Вучиќ. Според него, ceмејството дoзнaлo дека e пoзитивен пред десетина дена, но „не било стpaшно“.

Се огласи Мартин Вучиќ: ВО ШОК СМЕ – Не можеме ниту да го иcпpaтиме како треба

Утринава јавноста ја дочека со неверување веста дека во својата 65-та година почина...