Македонија
Трагедија
Тешка несреќа се случи вчера во Струга, кога работник паднал од покрив висок 8,5 метри и починал.
Жртвата на немилиот настан е скопјанец, а несреќата се случила во објект на приватна фирма која се наоѓа во индустриската зона на патот Струга-Ќафасан.
Вчера загина еден рудар на 57 годишна возраст во рудникот Тораница во близина на Крива Паланка при минирање., а двајцата повредени рудари од рудникот за олово и цинк, поранешна Тораница беа пренесени во општата болница во Куманово.
Двајцата рудари се во стабилна состојба, со полесни телесни повреди, хоспитализирани се на одделението за хирургија и ќе останат на опсервација, потврдија синоќа од оваа јавна здравствена установа.
Двајцата рудари ќе останат на хируршкото одделение во кумановската болница, а ќе им биде направена и компјутерска томографија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Трагедија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.