Вчера на локалниот пат Илинден-село Ајватовци патничко моторно возило излетало од патот и удрило во бетонски ѕид.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јули, 2019 12:18

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Загина скопјанец, се забил во бетонски ѕид!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вчера на локалниот пат Илинден-село Ајватовци патничко моторно возило излетало од патот и удрило во бетонски ѕид.

На 12.07.2019 околу 14,35 часот на локалниот пат Илинден-с.Ајватовци било пријавено дека патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки управувано од В. Д. (60), излетало од патот и удрило во бетонски ѕид. Возачот В.Д починал на местото на настанот.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.
Од страна на полициски службеници констатирано е дека 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место.

Преземени се 55 мерки против нив, а откриени се и 22 останати прекршоци, за кои се издадени девет прекршочни платни налози и 13 мандатни платни налози.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Несреќата се случила околу 16 часот, кога детето заедно со своите другарчиња влегло да се капи во еден од вировите длабок околу 3,5 метри. Притоа го повлекла водата и пропаднало.

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Се удави 15 годишно момче во реката Пчиња!

Петнаесетгодишно момче од кумановското село Љубодраг попладнево се удави во реката...

Денеска кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје по убиството на Никола Христовски, посвети статус со кој се простува од својот кошаркар. Нивниот статус ви го пренесуваме во целост.

Убиеното момче во Ново Лисиче било кошаркар на МЗТ- другарите од тимот се простуваат од него

17 годишното момче кое синоќа почина по убодните рани од нож, во паркот на Музиката во...