74-годишникот вршел градежни активности во неговата семејна куќа (влечел котур со кабел), по што паднал и починал.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 јули, 2019 11:44

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Маж почина од струен удар во Скопје!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Голема трагедија се случи вчера во скопското село Кучково, кога 74 маж вршејќи градежни активности починал од струен удар.

Вчера во полициската станица Ѓорче Петров бил пријавен трагичен инцидент во кој загинал 74-годишен жител на скопското село Кучково.
Истиот ден во Кучково, 74-годишникот вршел градежни активности во неговата семејна куќа (влечел котур со кабел), по што паднал и починал.

Доктори од Итна медицинска помош констатирал смрт како последица од струен удар.

Постапки при помош на настрадан од струен удар.

При укажувањето на помош прво треба да се исклучи струјниот круг чиј дел станал несреќниот. При тоа спасителот треба многу внимателно да работи за да не настрада и тој. Прво, треба електрички да се изолира од подот со ставање на изолаторска подлога (гума или пластика), ако во близина нема таква подлога може да застане на палто или свиткан покривач.

Повредениот и спроводниците под напон не смеат директно да се допираат. Затоа е потребно со предмет од изолатор (дрво или пластика) да се отстранат од несреќниот.

Заштита од струен удар.Заземјувањето е ефикасна заштита од струен удар. За заштита од струен удар најосновно е никогаш да не се допре незаштитен спроводник којшто е дел од електрично струјно коло.

Меѓутоа како дополнителна заштита скоро кај сите апарати е заземјувањето на надворешните метални делови. Апаратите во домаќинството – нивните надворешни делови се изолирани од спроводниците низ коишто тече електрична струја, но во случај на оштетување на тие спроводници надворешните метални делови можат да се сврзат со изворот на електрична струја.

Тогаш дејствува заземјувањето. Тоа заземјување се вика заштитно заземјување. Заземјувањето на сите апарати се врши на тој начин што се поврзуваат надворешните делови со закопана метална плоча преку соодветни спроводници. Врската со заземјувањето се остварува на тој начин што не се употребуваат обични, туку шуко-приклучок, прекинувачи и приклучувачи. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Денеска кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје по убиството на Никола Христовски, посвети статус со кој се простува од својот кошаркар. Нивниот статус ви го пренесуваме во целост.

Убиеното момче во Ново Лисиче било кошаркар на МЗТ- другарите од тимот се простуваат од него

17 годишното момче кое синоќа почина по убодните рани од нож, во паркот на Музиката во...

Немилиот настан се случил неколку минути после полноќ. Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош. Но, поради обилното крвавење, тоа за жал починало. Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па ѝ бил предаден на полициска патрола.

Трагедија во Ново Лисиче: Синоќа со нож било убиено 17- годишно момче

Трагедија се случи синоќа во скопската населба Ново Лисиче во Паркот на музиката. 17...