Телото на момчето кое не давало знаци на живот го пронашле неговите родители во дворот.

Објавил: Стојче Бушин | 9 октомври, 2020 12:59

НЕЗАПАМТЕНА ТРАГЕДИЈА: Се обеси 12 годишно момче, телото го пронашле родителите во дворот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Момче Д.К. (12) извршил самоубиство во населбата Хајдуково во Суботица, денес околу 10:20 часот.

Момчето, како што се претпоставува, најверојатно несовесно врзало пластичен конец околу вратот.

Телото на момчето кое не давало знаци на живот го пронашле неговите родители во дворот.

Во регионот на југоисточна Европа, убедливо најголем број на самоубиства е забележан во Србија, земја која е на 13 место во светот според бројот на самоубиства во однос на бројот на жители. СЗО објави дека во Србија годишно на 100.000 жители 18,8 лица вршат самоубиство. Само минатата година во Србија се самоубиле 1.400 лица. Во просек секој ден во Србија четири лица си го одземаат животот, додека бројот на самоубиства на млади лица последните години драстично се зголеми.

По Србија најмногу самоубиства има во Хрватска, каде во просек секој ден се убиваат две лица, а бројот на жените што се самоубиваат во Хрватска двојно е поголем. Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Хрватска, лани во таа земја 777 лица извршиле самоубиство, а 615 се обиделе да се самоубијат.

Според некои податоци на СЗО, во Босна и Херцеговина годишно на 100.000 жители од нив 11,6 вршат самоубиство, што е под светскиот просек кој изнесува 16, а во Европа 13 самоубиства на 100.000 луѓе. Според информациите кои новинарите на Анадолија ги добија од ентитетските полиции, во БиХ лани самоубиства извршиле 507 лица, од кои 16 малолетници. Во 2011 година се убиле повеќе мажи од жени, додека во Република Српска самоубиства извршиле 230 жени, а во Ф БиХ 163 мажи.

Во Македонија годишно на 100.000 лица од нив 6,8 се самоубиваат. Во таа земја лани биле забележани 140 самоубиства. Според некои истражувања, секој трет ден во Црна Гора се убива едно лице, т.е. 125 лица за една година. Во последните шест години во Црна Гора биле регистрирани 753 самоубиства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Засега нема официјална потврда од Министерството за надворешни работи, но неофицијално, таква информација веќе е стигната и до македонското МНР.

Неофицијално, една од жртвите во Виена е од струшко Велешта

Eдна од жртвите во синоќешниот терористички напад во Виена е со потекло од село Велешта,...