17 лица загинаа денеска откако се урна авион на пакистанската армија во станбен реон во градот Равалпинди, јавува Ројтерес.
Според неофицијални информации меѓу загинатите се двајца пилоти, тројца членови на екипажот и 10 цивили. Дванаесет луѓе се повредени.
Откако се срушил авионот во реонот на трговскиот комплекс „Раби центар“ избувнал голем пожар што зафатил и неколку куќи. Авионот извршувал тренинг-лет и засега причината за уривањето е непозната. Во текот на денот се очекуваат детални информации за несреќата.
Пакистан е сојузна држава составена од 4 покраини, престолнинската територија и од племенските територии на СЗ.
На чело на покраините се наоѓаат управници, кои ги именува претседателот на републиката. Покраините имаат сопствена законодавна (на општи избори избран еднодомен покраински парламент) и извршна власт. Племенските области се под непосредна управа на сојузната влада, но одделни племенски заедници имаат голема самоуправа. Под непосредна управа на сојузната влада се наоѓаат и т.н Северни територии (Гилгит, Дијамар и Балтистан).
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.