Воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешак Н.М.(31) од Скопје, кој што починал на местото на настанот.

Објавил: Сара Фемина | 18 септември, 2019 10:40

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Синоќа воз прегази 31 годишен скопјанец!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што потврдија од Министерството за внатрешни работи, триесет и едногодишен скопјанец починал откако во него синоќа удрил воз додека се движел на пругата пред надвозникот на булевар „Србија“ во Скопје.

Во СВР Скопје синоќа во 2 часот било пријавено дека на железничката пруга пред надвозникот на бул „Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешак Н.М.(31) од Скопје, кој што починал на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на тешката несреќа.

Пред неколку месеци поради одрон на пругата кај Лакавица од шините се излизга патничкиот воз што сообраќаеше на релација Кичево-Скопје, но за среќа немаше повредени патници и персонал од железницата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Во незгодата на местото на настанот починала сопатничката во патничкото моторно возило С.Т(19) од Струмица.

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ РАДОВИШ: Загина 19 годишна девојка, возачот тешко повреден!

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во...

Како што информираат од СВР Штип утрово околу 05:20 часот во полициска станица во Кочани од 30 годишник било пријавено дека во нивната семејна куќа на улицата ,,Климент Охридски” во Кочани неговиот 55- годишен татко ја нападнал неговата мајка која била на возраст од 46 години.

ХОРОР:Убиство во Кочани – крвавата драма се одиграла пред очите на синот

Голема семејна трагедија се случи утринава во Кочани, сеемјната расправија се претвори...

Имено и Македонската заедница во Малта  и на социјалните мрежи во Македонија се организираат групи за помош на македонско семејство чиј близок почина во Малта, објави Досие.мк

Почина Македонец во Малта- се собираат пари за транспорт на телото

Трагедија се случи во Малта откако почина повозрасен Македонец. Имено и Македонската...