Во Тел Авив во текот на ноќта се огласија сирени, а звукот на ракетите што го урнаа израелскиот антиракетен систем „Железна купола“ го исполни небото додека илјадници Израелци бегаа за да се скријат.

Израел вршеше до зори воздушни напади врз палестинската крајбрежна енклава, уништувајќи шесткатна станбена зграда среде градот Газа.

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 мај, 2021 6:47

Голема шесткатница е уништена во Газа, се зборува за отровен гас

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Израел трупа копнени сили долж границата со Газа, а Хамас изврши ракетен напад врз јужен Израел, додека продолжуваат најжестоките судири, а крајот не се гледа.

Во Тел Авив во текот на ноќта се огласија сирени, а звукот на ракетите што го урнаа израелскиот антиракетен систем „Железна купола“ го исполни небото додека илјадници Израелци бегаа за да се скријат, пренесе Канал 5.

Израел вршеше до зори воздушни напади врз палестинската крајбрежна енклава, уништувајќи шесткатна станбена зграда среде градот Газа.

Додека светските сили ги повторуваат повиците за смирување, бранот насилство меѓу Евреите и арапското малцинство продолжува да се шири во неколку израелски градови со напади врз синагоги и арапско-еврејски судири на улиците.

Најмалку 72 лица се убиени во Газа од ескалацијата на насилството во понеделникот, соопшти Министерството за здравство на енклавата. Седум лица се убиени во Израел, соопшти израелската војска.

Израел подготви борбени сили долж границата со Газа и е „во различни фази на подготовка за копнени операции“, рече воен портпарол.

“Командантот на Генералштабот ќе изврши преглед на подготовките и ќе даде насоки. Имаме штаб на дивизијата и три маневарски бригади во Газа кои се подготвуваат за оваа ситуација и за разни непредвидени случаи”, рече полковник Џонатан Конрикус.

Здравствените власти во Газа соопштија дека истражуваат смрт на повеќе лица во текот на ноќта, кои можеби вдишувале отровен гас. Примероците се испитуваат и сè уште не се донесени конечни заклучоци.

Поради стравувањата дека насилството може да се разгори уште повеќе, Вашингтон планира да го испрати претставникот Хади Амра на разговори со Израел и Палестинците.

„Очекувам и се надевам дека ова наскоро ќе заврши, но Израел има право да се брани“, рече во средата американскиот претседател Џо Бајден по разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Бајден не ја објасни причината за неговиот оптимизам.

Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека премиерот му рекол на американскиот претседател дека Израел „ќе продолжи да ги напаѓа“ воените објекти на Хамас и другите терористички групи во Појасот Газа.

Во средата, израелските сили убија висок командант на Хамас и бомбардираа неколку згради, вклучително и банка за која Израел рече дека е поврзана со активностите на Хамас.

Хамас покажа пркос со изјавата на нејзиниот водач Исмаил Ханиех, кој рече: „Конфронтацијата со непријателот нема граници“.

Израел ја започна својата офанзива откако Хамас истрела ракети кон Ерусалим и Тел Авив, како одмазда за израелската полициска пресметка со Палестинците во близина на џамијата ал-Акса во источен Ерусалим за време на муслиманскиот месец Рамазан.

Палестински извор изјави дека напорите на Египет, Катар и Обединетите нации да постигнат прекин на огнот не донеле напредок во запирањето на насилството.

Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, го повика палестинскиот претседател Махмуд Абас и рече дека Вашингтон „прави напори да се постигне мир“ со сите релевантни страни, објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА. Абас е ривал на Хамс, чија моќ е ограничена на окупираниот Западен брег.

Судирите предизвикаа и насилство внатре во Израел, каде што дел од арапското малцинство организира насилни про-палестински протести.

Медиумите јавија за ширење улични напади од Евреите врз арапски минувачи во етнички мешани области вчера и во раните утрински часови денес. Жителите на градовите, вклучувајќи го и крајбрежниот град Акре во северен Израел, изјавија дека се плашат да ги напуштат куќите.

Во Газа беа срушени две станбени згради и облакодер со канцеларии за медиуми, вклучувајќи и една поврзана со Хамас, откако Израел ги повика жителите да се евакуираат пред воздушните напади, а друга зграда е сериозно оштетена.

„Израел полуде“, рече еден човек на една улица во Газа, каде што луѓето бегаат од своите домови додека експлозии ги тресеа зградите.

Многумина во Израел, исто така, избегаа во засолништата за ракетен оган. Неколку авиокомпании, вклучувајќи ги „Бритиш ервејс“, „Јунајтед ерлајнс“, „Делта ер лајнс“ и „Американ ерлајнс“ ги откажаа сите летови кон Тел Авив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Катарската телевизија Ал Џазира објави дека талибанските бунтовници се приближиле до аеродромот и испукале неколку предупредувачки истрели со цел да ги растераат луѓето кои се собрале таму.

ТАЛИБАНЦИТЕ ГИ ПРЕКИНАА СИТЕ ЛЕТОВИ ОД КАБУЛ

Талибанците денеска соопштија дека времено ги прекинуваат сите летови од меѓународниот...

Директорот на Цивилната заштита на Хрватска и министерот за здравство го посетија местото на кое утрото, на автопатот Белград-Загреб, се случи тешката сообраќајна несреќа, откако автобус со косовски регистерски таблички, од непознати причини, слетал од коловозот.

Загинаа девет патници и еден од возачите, девојче меѓу тешко повредените

Директорот на Цивилната заштита на Хрватска и министерот за здравство го посетија...

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, преку Твитер, соопшти дека за Кипар заминуваат два грчки канадери за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Големи пожари на Кипар, се евакуираат села, а земјата бара помош од ЕУ и Израел

Кипар побара воздушни средства од Израел и Европската унија за да помогнат во гаснењето...