Груби во оваа Влада доби функција која прв пат е воведена, а тој според правилата ќе го заменува премиерот Зоран Заев кога ќе биде отсутен.

Објавил: Владо Марин | 27 септември, 2020 3:15

Анкетен лист на новиот вицепремиер Груби- Има милионски објект, стан и депозити

Фото/Текст извор: ©Мк. весник/Магазин.мк

Стан вреден 100.000 евра во Скопје, две возила и повеќе депозити, пријавил во анкетниот лист првиот вицепремиер Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Груби во оваа Влада доби функција која прв пат е воведена, а тој според правилата ќе го заменува премиерот Зоран Заев кога ќе биде отсутен.

Инаку во анкетниот лист пријавил и друг имот за кој не ја конкретизирал сопственоста односно не навел дали е личен, а е практично легализиран надграден објект кој впрочем вреди еден милион.

Сепак во табелата нема дали станува збор за евра или друга валута.

Станот во Скопје за кој стои дека е стекнат со купопродажба е вреден 100.000 евра и има 115 квадрати.

Груби пријавил два автомобили една стара „ксара“ вредна илјада евра и ауди А6 вредна 11.000 евра.

Груби има депозити, едниот од 138.000 другиот од 156.000 но нема податоци дали тоа се евра или денари.

За разлика од едната сметка која е запишана како транскациска и на која има 422.873 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...