
Забава
Интересно
Британското кралско семејство има повеќе извори на приход, а кралицата е „тешка“ 360 милиони фунти.
Таа и нејзиниот син, принцот Чарлс, заработуваат најмногу од својот имот и парите што ги добиваат од Парламентот.
Остатокот од семејството исто така добива милиони. Трите главни извори на приход на кралицата се Кралскиот апанаж, Војводството Ланкастер и нејзините приватни имоти и инвестиции.
Кралицата е сопственик и на сите необележани лебеди, делфини и китови во кралството, од 12 век, иако економистите и експертите за кралското семејство се шегуваат дека веројатно не профитираат многу од тоа.
Кралскиот апанаж е годишен приход од владата што де факто ги покрива трошоците за патување, репрезентација, осигурување, вработување и одржување на кралските палати и имот. Кралицата доби 42,8 милиони фунти (ослободени од данок) преку кралскиот апанаж за фискалната 2016-2017 година, бројка што се искачи на 76,1 милиони фунти за финансирање на реновирање на Бакингемската палата.
Кралскиот апанаж е добиен од збирот на имоти и фарми (Crown Estate) кои генерираат стотици милиони фунти годишно.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.