Невреме во Делчево!

Објавил: Сара Петреска | 9 јуни, 2023 5:30

Големо невреме со силен дожд и град го погоди Делчево, поплавени се голем број на куќи и објекти

Фото/Текст извор: ©360/магазин.мк

Имаме помош од Берово, Македонска Каменица, Кавадарци и од Кочани. Во постојана координација сум со околните општини за да можеме што поскоро да го ставиме градот во функција, изјави вечерва градоначалникот на Делчево Горан Трајковски. Тој и директорот на локалното Јавно комунално претпријатие упатија апел до граѓаните во следните неколку часа да не ја користат за пиење водата од водоводниот систем на градот!

Помош од други општини пристига во Делчево кое вчера попладне беше зафатено од силно невреме кое поплави повеќе улици и домови во градот и околните места.  

Делчево/Миа

Екипи на Територијалната противпожарна единица, на Јавното комунално претпријатие и на Македонија пат се терен и работат на санирање на штетите, изјави вечерва градоначалникот на Делчево Горан Трајковски.  

„Врнежите, со тој интензитет со кој беа во време од час и неколку минути, нема атмосферска канализација што може да ги апсорбира“, рече Трајковски. 

Тој ги повика луѓето кои имаат поплавени домови да се јават на бројот 193 во Противпожарната служба, каде што се наоѓа и координативниот центар, за да знаат службите каде да интервенираат.   

Градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски/Фото: МИА

„Имаме улица на која во должина од околу 30-40 метри е пропаднат асфалтот. Ова е елементарна непогода, екипите се на терен и Територијалната противпожарна единица и Јавното комунално претпријатие, Македонија пат. Овде се од полциијата која го регулира сообраќајот за да можеме што побрзо да го ставиме градот во функција и да помогнеме на луѓето таму каде што се поплавени домови. Имаме исконтактирано со околните општини од кои помошта во пумпи е веќе на пат. Се е организирано, знамеме каде да ги упатиме овие пумпи. Луѓето на кои им се поплавени домовите можат да се јавват на бројот 193 во протипожарната служба. Таму е координативниот центар за да знаеме екипите кои пристигаат во градот каде да ги праќаме. Имаме помош од Берово, Македонска Каменица, Кавадарци од Кочани. Во постојана координација сум со околните општини за да можеме што поскоро да го ставиме градот во функција“, изјави Трајковски.

Екипа на ТППЕ Македонска Каменица работи на санирање на штетите по невремето во Делчево/Фото: Фејсбук

Тој апелираше до граѓаните во следните неколку часа до утре наутро да не ја користата водата од водоводниот систем во градот за пиење.  

„Немаме некои проблеми водоводниот систем да се меша со атмосферската или фекалната канализација, но заради безбедност на граѓаните во овие неколку часа до утре изутрина да не ја конзумираат водата од водоводниот систем на градот“, рече Трајковски.

Градоначалникот, исто така, ги повика граѓаните да не создаваат метежи со своите возила во центарот на градот за да можат екипите да ги расчистат последиците од невремето. 

Директорот на Јавното комунално претпријатие во Делчево Сточје Стојковски изјави дека сите вработени со сета механизација што ја имаат на располагање се на терен. И тој, како и градоначалникот апелираше до граѓаните да не ја користат водата за пиење, а информираше и за дефекти на водоснабдителниот систем.  

„Се интервенираше за расчистување на наносите од песок и кал заради нормално одвивање на сообраќајот и за остранување на дефекти на водоводната и канализационата мрежа. Се работи и на дефектите на водоснабдителниот систем. Поради тоа одредени населени места ќе останат без вода за пиење. Препорачуваме во моментов водата да не се користи за пиење“, рече Стојковски.  

Од фотографии и видео-снимки што по невремето ги споделуваа граѓани на социјалните мрежи можеа да се видат поплавени улици, на кои нивото на водата достигнуваше речиси до прозорците на автомобилите.

Поплавена улица

Дождот, кој наместа бил проследен и со врнежи до град со големина на лешник предизвикал штети на дел од раноградинарските култури и на дел од овожните насади.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...